Suzuki Swift меѓу трите финалисти за светски автомобил

suzuki swift world coty

Титулата за светски автомобил во градската класа годинава ќе се решава меѓу Suzuki Swift, Volkswagen Polo и Ford Fiesta. Ова е вторпат модел од јапонската марка да се пласира во финалето на престижниот избор, во категоријата на градски автомобили.

Suzuki Swift ќе се бори против Volkswagen Polo и Ford Fiesta во финалето на изборот на светски автомобил на годината во категоријата на градски автомобили. Тоа е триото што ќе се бори во финалето, откако отпаднаа Hyundai Kona и Nissan Micra, односно Kia Picanto, Kia Stonic и Seat Ibiza во првиот круг.

Условот за квалификација е моделот да биде покус од четири метри, да поседува практичност за градското секојдневие и да се продава на најмалку два континента. Модел на Suzuki вторпат освојува доволно гласови да се пласира во финалната тројка. Резултатите од гласањето на преку 80-членото експертско жири ќе бидат соопштени на 28-ми март, на салонот во Њујорк.

Suzuki Swift е достапен во верзија со 1,2-литарски бензинец со 90 КС и 1,0-литарски бензинец со турбонатполнење и 112 КС. Двата мотора се достапни и во таканаречена блага хибридна верзија, со ознака SVHS. Моторот од 1,2 литар може да се комбинира и со погон на сите тркала AllGrip.

Suzuki вози кон нова рекордна година

Запознајте го Suzulight, првиот автомобил на Suzuki од 1954

Едно на секои десет малечки возила во светот е Suzuki

Претходна објаваНовиот Volvo XC40 им носи пораст во продажбата на Швеѓаните
Следна објаваHonda стартува со нарачки за електричниот Urban EV в година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here