Електричниот Volvo само за шест земји во светот

volvo polestar 1 isporaki

Откако лансирањето на сопствената подмарка за електрични возила го привлече вниманието на светската сцена, Volvo ги избра пазарите што први ќе го добијат елегантното и моќно купе Polestar 1.

На купувачите низ светот им се допадна новата шема за продажба што Volvo ја лансираше за својата електрична марка Polestar. Возилата нема да се продаваат, туку ќе се отстапуваат на користење, по одредена месечна рата. Слично на мобилен припејд. Откако Швеѓаните во октомври го претставија и првиот модел, означен симболично како Polestar 1, почнаа да пристигаат голем број нарачки, така што првично планираната серија веќе се распродаде.

Volvo, Polestar 1

Според бројот на пристигнати нарачки за Polestar 1, одбрани се и шесте пазари што први ќе ги добијат примероците од престижното купе со електричен, или поточно, плаг-ин хибриден погон. Тоа се САД, Кина, Германија, Шведска, Норвешка и Холандија. Прво во овие земји ќе се отворат таканаречените Polestar Space, односно еден вид бутик-салони, малечки и на прометно место. Во нив нема да бидат наредени десетици возила, регали со прибор и останати салонски „аксесоари“, туку тие ќе служат првенствено за контакт со персоналот и комплетирање на нарачката. Отворањето е планирано за средината на 2019 година. Понатаму ќе има и нови земји во коишто ќе биде достапна електричната марка на Volvo.

Сопственик на возилото е Polestar, односно Volvo, возачот само ја плаќа месечната рата – со вклучен сервис и осигурување

На денот на презентацијата на Polestar 1, Швеѓаните добивале просечно по една нарачка во минута. „Електричните“ возачи очигледно се подготвени и за начин на продажба што се разликува од досегашниот. Возилата на Polestar се нудат со претплата. Нема учество, во месечната рата е вклучено осигурувањето, амортизазијата, сервисирањето, заедно со преземање и достава на возилото до сопственикот. Секоја дополителна желба на клиентот влегува во ратата, Polestar практично нуди автомобил по припејд-тарифа. Наједноставно е системот да се разбере како лизинг, во когошто корисникот профитира барем исто колку банкарот.

Производството на престижното купе со 600 КС, три електромотори и бензинец, батерија за 150 километри и карбонска каросерија ќе стартува во средината на 2019 година. Специјално за Polestar се гради фабрика во Ченгду, Кина.

Претходна објаваНови автомобили од Lada повторно се возат во Куба
Следна објаваТоп 10 Најпродавани електрични автомобили во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here