Audi продолжува со попусти до 10.000 евра на германскиот пазар

audi-a4-avant-g-tron-premija

На сопствениците на стари автомобили со дизел мотор во Германија повеќе им се исплатува да го вложат автомобилот и да купат нов Audi, отколку да го продаваат како користено возило. Тој вреди меѓу 3.000 и 10.000 евра, а на тоа може дополнително следува и државна субвенција доколку се купува хибриден или електричен модел.

Audi продолжува со премијата за сопственици на стари автомобили со дизел мотор, кои ќе се решат да го заменат возилото со ново. Премијата важи само за германскиот пазар и ќе продолжи да се применува до крајот на март следната година. Во зависност од моделот што се купува, неговата цена ќе се намали меѓу 3.000 и 10.000 евра, доколку сопственикот го остави својот стар автомобил со норма Euro 1 до Euro 4 кај дилерот на Audi. Стариот автомобил оди во старо железо – доколку повторно не се случи десетици илјади „нерастопени“ автомобили да го преплават нашиот регион, како во средината на минатата декада.

Старото возило мора во последните 6 месеци да е регистрирано на постоечкот сопственик

Марката и моделот на стариот автомобил не се важни, Audi прифаќа сé, под услов возилото да има важечка регистрација. Широкоградата акција на премиум марката важи и за користени автомобили стари по само неколку години, доколку ја задоволуваат нормата Euro 6. Премијата во тој случај е пониска, но во секој случај претставува олеснување за купувачот.

Дополнителна премија следува за возачите што својот стар дизел ќе го заменат со хибрид (Audi A3 e-tron) или автомобил со погон на метан (A4 Avant g-tron или A5 Sportback g-tron). Германската влада покрива 3.000 евра од цената на нов хибрид, односно 4.000 евра за нов електричен автомобил. Во случај да се избере A4 со погон на метан, крајната цена е 9.500 евра под редовната. Но, тоа сé уште не значи дека цел свет ќе (може да) почне одеднаш да вози Audi.

Audi премија за животна средина за нови автомобили

Акциски модел
Премија (бруто)
A1, Q2
3.000,- €
A3, A3 Sportback, A3 Limousine, A3 Cabriolet,
Q3, TT
5.000,- €
A3 Sportback g-tron, Q5
6.000,- €
A3 Sportback e-tron
6.785,- €
A4 Limousine, A4 Avant, A4 allroad quattro,
A5 Sportback, A5 Coupé, A5 Cabriolet
8.500,- €
A4 Avant g-tron, A5 Sportback g-tron
9.500,- €
сите моделски изведби на A6, A7 Sportback, A8, Q7
10.000,- €
Q7 e-tron
11.785,- €
Од премијата се исклучени моделите на Audi Sport (RS/R8).

Претходна објаваПрв електричен камион од сериско производство е … Fuso
Следна објаваHonda ќе ги полни батериите за 15 минути

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here