Електричниот Nissan Leaf првпат се појави пред публиката на салонот во Дубаи. Автомобилот што во својата моделска историја нема потрошено ниту грам нафта, доживеа премиера пред најистакнатите членови на владејачката фамилија.
Годинава, Nissan ја имаше честа на штандот да го пречека неговото височество шеикот Ахмед бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум. Потпретседателот, премиер и владетел на Дубаи покажа особен интерес за електричните возила што јапонската марка ги донесе во престолнината на нафтениот бизнис. Шеиците сепак немаат причина за вознемиреност. Тие веќе одамна имаат купено акции во најголемите производители на електрични автомобили. Меѓу другото. Дубајскиот владетел сепак не пропушти да се израдува на Nissan Patrol Safari, којшто е длабоко вкоренет во културата и секојдневието во Емиратите.
Посетителите на Nissan можеа да се запознаат и со интелигентната мобилност на марката, односно со технологиите што прават возењето да биде побезбедно, поинтелигентно и порелаксирано, а во исто време и помалку штетно за животната средина.
Nissan Leaf со логото на Експо 2020 Дубаи, откако Nissan стана официјален автомобилски партнер за настанот
إليكم نظرة خاطفة عن ما قدّمته نيسان لمستقبل #التنقل_الذكي في #معرض_دبي_الدولي_للسيارات مع #نيسان_ليف و #بليدجلايدر. pic.twitter.com/SiodUrY3bk
— Nissan Middle East (@NissanME) November 16, 2017
Како второ електрично плашило се појави концептот Nissan BladeGlider, којшто експериментира со каросерискиот дизајн и со електричен погон со високи перформанси. BladeGlider неколку денови пред отворањето на салонот беше ѕвезда во видеото што се снимаше по улиците на Дубаи. Електромобилот со впечатлив дизајн беше во улога на најавувач за Експо 2020.
Maxima е моделско име што им е драго на ентузијастите, но веќе одамна е исчезнато од европскиот пазар. Популарната лимузина се појави на салонот во „полноќно издание“, со спортско подвозје, масивни спојлери, најскапа кожа внатре, климатизирани седишта и полирани бандажи од 19 инчи.
🏆 كأس #دوري_أبطال_أوروبا! ✔️
👤 لاعب كرة قدم محترف! ✔️
🕹 عصى تحكم فريدة من نوعها! ✔️
🚗 حضور لا ينسى!#نيسان #معرض_دبي_الدولي_للسيارات pic.twitter.com/eXYPe07xLu— Nissan Middle East (@NissanME) November 19, 2017
Ова се сите експонати на штандот на Nissan во Дубаи: Nissan Patrol, Patrol Nismo, Pathfinder, X-Trail, Kicks, Micra, Altima, GT-R Nismo, GT-R, Patrol Super Safari, Navara и Sentra. На тоа следуваат уште две тјунирани изведби на 370Z и GT-R Nismo, а секако и два уникатни примерока од Nissan Patrol Safari, со хауби од карбон и мотори навиени на 1.600 и 2.000 коњски сили.
https://twitter.com/NissanME/status/933621161895780352/photo/1
Вредниот потрошувач на бензин GT-R интуитивно избран за најдобар автомобил на салонот во Дубаи
Во конкуренција од 30 модели од различни марки, култното суперкупе на Nissan освои најмногу гласови од ентузијастите и ја понесе титулата на најдобар автомобил на салонот. Втор беше Porsche 911, третото место му припадна на Ford Mustang од првата генерација.
















