За десет години секој втор велосипед ќе биде електричен

електрични велосипеди студија bosch

Електричниот погон веќе одамна го има освоено пазарот на велосипеди. Се проценува дека за десет години половината од продажбата ќе отпаѓа на електрични велосипеди.

На целиот европски пазар лани се продадени 1.667.000 електрични велосипеди, односно за околу една четвртина повеќе во споредба со претходната година. Како еден од главните добавувачи на електромотори за браншата, Bosch анкетираше близу 5.500 лица од шест европски земји со најголема продажба.

Еден од секои десет испитаници потврдил дека поседува електричен велосипед, додека 16 проценти изјавиле дека планираат купување во текот на годинава. Од нив, 29% се интересираат за ситибајк, 11% за трекинг-велосипед, 9% за урбан бајк и 8% за планински велосипед. Една третина од заинтересираните купувачи уште немале решено околу видот на електричниот велосипед. Анкетата понатаму открива дека околу една четвртина од купувачите преферираат онлајн-купување.

Над 2.500 модели на електрични велосипеди од 80 производители

Понудата на модели на електрични велосипеди открива изненадувачки бројки. Според истражувањето на Bosch, пазарот уште лани нудел над 2.500 најразлични модели од 80 производители. Најголем е уделот на ситибајкови и трекинг велосипеди со електромотор.

Десет причини, зошто велосипедот е подобар од автомобилот

Секој втор иден сопственик го гледа е-велосипедот како превозно средство во слободното време, 40% планираат излети и тури, додека подобрувањето на физичката состојба и здравјето се на третото место со 38%.

Државите издвојуваат средства за поттикнување на продажбата и користењето на електричните велосипеди

Во меѓувреме, на пазарот се нудат и товарни велосипеди со електромотор, коишто наидуваат на голем интерес кај доставните служби, но и кај приватните корисници. Германија, на пример, издвојува 200 милиони евра годишно, за уделот на електрични велосипеди да се зголеми од сегашните дванаесет на 15 проценти. Во чекор со „електрификацијата“ на велосипедите оди и дигитализацијата, односно понудата од мобилни апликации и услуги. Се проценува дека светскиот пазар за таканаречена вмрежена мобилност секоја година ќе се зголемува за 25 проценти.

Претходна објаваПротераниот основач на Tesla го возвраќа ударот
Следна објаваTesla губи 8000 долари во минута

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here