Ете зошто во Mercedes не се случуваат дебакли

mercedes emerge ii

Mercedes извозе 400.000 километри на струја. Тоа е само делумна вистина, затоа што повеќе возила учествуваа во проектот и стратезите на марката го сервираат овој податок зашто тоа го привлекува вниманието. Проектот сепак заслужува внимание.

Со 2,8 милиони евра државни пари, возен парк од 122 автомобили на струја и 146 корисници заврши проектот eMerge на Mercedes. Целта беше најдетално да се провери електричниот погон во секојдневието. Во период од јануари 2015 до септември годинава, електричните возила минаа вкупно 400.000 километри на батерии. Обезбедени се 620 гигабајти податоци за возењето и полнењето, а посебно се спроведувани и анкети на учесниците.

Mercedes ќе ги користи податоците од истражувањето во развој на новите генерации модели на струја

Податоците ќе се користат интерно во концернот, а дел од нив и за научни цели во германските универзитети. Техничарите на Mercedes ги анализираа механичките оптоварувања на возилото, додека стратезите беа посветени во изнаоѓањето најдобри модели за комуникација со корисниците и нивно запознавање со електромобилноста. Третото подрачје на истражување беше инфраструктурата, односно правилното распоредување на полначите и практичноста при ракувањето.

Возењето на батерии е новиот луксуз: Vision Mercedes-Maybach 6 Cabriolet

Во проектот учествуваа вкупно 122 приватни корисници и претпријатија од цела Германија. Возниот парк се состоеше од „батерискиот“ B 250 e, како и од плагин хибридите C 350e и E 350e.

Претходно, во периодот меѓу мај 2013 и јуни 2015 година се одвиваше првиот ваков проект, во когошто се користеа smart fortwo electric drive. Тогаш беа извозени близу милион километри.

Дека дебакли не се случуваат во Mercedes, не е сосема точно. Првата генерација на класата А заврши на покрив на тестот на шведскиот „Ви билигаре“.

Бидејќи снимките со превртената A-Class се уредно избришани од мрежата, ви го пренесуваме видеото со „еленскиот тест“ на Trabant

Претходна објаваДиректор на Volkswagen потрошил милион евра за приватни летови
Следна објаваRenault Zoe најеколошки користен автомобил според What Car

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here