Дали ова е најсмешниот изум во историјата на автомобилизмот?

тоалетна кабина за камп-возила

Пластична кабина што се закачува зад возилото е решение за вечните проблеми при патувањето по автопат или во природа. Во неа се наоѓаат туш и клозет. Истечната вода се собира во посебен сад, има и верзија на тоалетна кабина со дувалка за топол воздух во кабината.

Комбињата што се претворени во камп-возила имаат проблем. Поточно, проблем имаат патниците во нив. Во возилата не постои санитарен јазол. Нема можности за туширање, а и изнесувањето пренослив клозет не е по сечиј вкус. Фирмата Bath2go пронајде решение во пластична кабина што е закачена зад возилото. Отстранливата кабина е широка 135, длабока 72 сантиметри и тежи 120 килограми.

Внатре се наоѓаат туш, мијалник и клозет со казанче од 15 литри. Покривот се подигнува во едниот дел заради поголема висина при тужирање, истечната вода се собира во посебен сад.

Топ 10 Најбрзи патнички комбиња: Темпо 200 и спринт за девет секунди

Кабината се поставува на посебен носач – специјално за секој различен модел – посебен механизам овозможува едно лице да ја изврши монтажата за десетина минути. Производителот нуди две варијанти, основна и комфорна. Во вторава верзија следува „торнадо“, кој работи на гас и ја загрева кабината.

Уште една предност на Bath2go е во тоа што при возењето може да се користи како багажник. Најдобрата, односно во случајов најсмешната вест, секогаш следи на крај. Цената изнесува 7.000 евра.

[FAG id=29317]

Претходна објаваNissan ги паничи шеиците: Електрични автомобили во Дубаи
Следна објаваPeugeot ќе произведува мотори во фабриките на Opel

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here