Vespa почнува да вози на струја

vespa elettrica

Беше само прашање на време. На салонот за мотоцикли во Милано, Vespa ја претстави електричната верзија на легендата на две тркала. Спојот на традиција и електричен погон му обезбедува одлични стартни позиции на електроскутерот.

Со континуирана моќност од 2,7 КС, електричната веспа го постигнува истото ниво како стандардната изведба со мотор од 50 сантиметри кубни. Но, максималната моќност е двапати повисока и ветува многу подобри возни перформанси.

Производителот декларира 100 километри возење на Vespa Elettrica со едно полнење. За батеријата да се наполни повторно до крај, потребни се четири часови при користење обичен приклучок за струја. Дополнително ќе се понуди и хибридна изведба со екстра генератор, со што досегот ќе се зголеми двојно.

Меѓу можностите на електричната веспа спаѓа и поврзување со паметен телефон. Продажбата ќе стартува в година, нарачките на поголемите пазари може да се направат и онлајн. Цените уште не се објавени, се спомнува можност за месечна рата за користење на батеријата, како подостапна опција при купување.

https://twitter.com/Vespa_Official/status/927895931915300864

Претходна објаваГерманските таксисти бараат субвенции за електрични автомобили
Следна објаваLamborghini Terzo Millennio: На струја и со каросерија што сама се поправа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here