Кина е светски шампион во електричните автомобили

електричните автомобили кина

Бројот на електричните автомобили во Кина се зголемува многу побрзо отколку во САД. Конечно и Германија ја прифаќа реалноста на електричниот погон. Опаѓањето на продажбата на дизели ги стави производителите во паника.

Кина останува водечка светска сила во електромобилноста. Во првите девет месеци од годинава, во големата азиска земја се продадени 398.000 електрични возила, вклучувајќи товарни возила и автобуси. Тоа е за 38 проценти повеќе отколку во истиот период лани.

Огромна е разликата со вториот најголем пазар за електрични возила во светот. Во САД, од јануари до септември се продале 140.000 возила со електрифицирана погонска спрега или за 29 проценти повеќе отколку лани. На третото место е Норвешка, како најголем европски пазар за е-погонот, со 43.000 возила или за точно една третина повеќе отколку во првите три квартали лани. Германија е на четвртото место со 36.800 е-возила, но и со фантастичен раст од 116 проценти.

Девет од десет електрични возила во Кина се од локална продукција

Кинескиот пазар речиси целосно им припаѓа на кинеските производители, дури 90% од продажбата отпаѓа на електрични автомобили од локална продукција. Трите најпопуларни модели – Baic EC, Zhidou D2 EV и BYD e5 – до септември се продале во повеќе од 88.000 примероци.

Меѓу дваесетте најпродавани модели, со исклучок на Tesla, нема ниту еден странски производител. Во САД, пак, Tesla покрива повеќе од половина од побарувачката за електрични возила со своите Model S и Model X, а по нив следат Chevrolet Bolt и Nissan Leaf.

Кина знае како да ги надитри производителите, за електричните автомобили да добијат поттик

Кина изврши голем притисок врз странските производители со најавената примена на систем на квоти. Производителите ќе бидат условени одреден процент од вкупната продажба да го покриваат со електрични возила. Индустријата нема друг избор освен да ги прифати условите и да понуди атрактивни електрични модели, коишто меѓу другото ќе се произведуваат и во Кина, задолжително во партнерство со кинеска компанија.

https://twitter.com/GerryS_Hughes/status/913468795091652615

Дизелот доживеа масивен пад во првите девет месеци и моментно постигнува удел од само 40 проценти. Ова големо поместување ги пореметува плановите на производителите. Во последните години масивно се вложуваше во дизелите, затоа што нивната емисија на СО2 е пониска во споредба со бензинците. Целта е да се испочитува законскиот лимит од 95 грами CO2 на километар за 2021 година. Дополнителен проблем е тоа што пазарот се префрлува на теренци, кои имаат повисока потрошувачка на гориво.

25 милиони електрични автомобили во 2025, потоа 40 милиони во 2030…

Пазарните аналитичари предвидуваат умерен раст во продажбата на електричните автомобили во следните две до три години. Следниот голем бран ќе се случи веќе во 2020 година, со пристигањето бројни нови модели и со приспособените регулативи, меѓу другото и забрана за возила со обичен погон во повеќето европски градови.

Веќе во половината на следната декада се очекува една четвртина од вкупната продукција на возила во светот да отпаѓа на електромобили. Тоа се веќе 25 милиони возила на годишно ниво.

Претходна објаваДодека Скопје повторно се души: Во Стразбур само со еколошка вињета
Следна објаваКалифорнија отвори еко-лабораторија од казните на Volkswagen

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here