Новиот Renault Koleos стартува со продажба во Македонија

Новиот Renault Koleos Македонија

Новата генерација на Renault Koleos стартува со продажба во Македонија, со цена за основната моделска изведба од 30.000 евра.

Гамата на теренецот на Renault за македонскиот пазар се состои од три нивоа на опрема и два мотора. Веќе основното ниво на опрема Zen располага со автоматски клима уред со две зони, пристап и стартување без клуч, како и автоматско запирање при опасност од судир. Во сериската опрема спаѓаат и мултимедискиот систем R-Link 2 со дисплеј од 7 инчи, вклучувајќи навигација и поврзување со паметен телефон. Нивото Zen е достапно само во комбинација со 1,6-литарски дизел со 130 КС и погон напред.

За верзија со погон на сите тркала треба да се посегне по посилниот мотор и следното ниво на опрема. Во тој случај, Renault Koleos чини 38.500 евра, со дволитарски дизел со 175 КС и ниво Intens. Од опремата, дополнително следуваат сензори за паркирање напред и назад, заедно со камера, за еден инч поголеми алу-бандажи (18“), пристап на интернет, диодни светла, автоматика на светлата и уште неколку комфорни ставки во стилот на француската марка.

Renault Koleos во „премиум изведба“ во нивото Initiale Paris

Врвот во гамата му припаѓа на Koleos Initiale Paris dCi 175 X-Tronic, со погон на сите тркала, менувач со континуирано променлив преносен однос (CVT, со 7 „виртуелни“ степени на пренос) и цена од 47.000 евра. Како дел од ексклузивната понуда на Renault под името Initiale Paris, топ-моделот се вмешува во премиум сегментот, со кожени седишта, бандажи од 19 инчи, комплетно различни материјали и финиш во ентериерот за разлика од пониските нивоа, а задолжително и со озвучувањето од омилената аудио-марка на Французите, Bose, со 12 звучници и во комбинација со дисллеј од 8,7 инчи. Како „засебен“ модел, Paris располага и со екстра звучна и термо изолација на страничните стакла.

Во изведбата со основниот мотор, Koleos спринтува до сто за 11,4 секунди и постигнува крајна брзина од 185 km/h. Просечната потрошувачка според фабрика изнесува 5,1 литри во град, емисијата е чиста според Euro 6b.

Моделската понуда на Renault Koleos за македонскиот пазар

Моделска изведба

Цена (во евра)

Zen Energy dCi 130

30000

Intens Energy dCi 130

33000

Intens Energy dCi 175 X-Tronic

37000

Intens Energy dCi 175 4WD

38500

Intens Energy dCi 175 4WD X-Tronic

41000

Initiale Paris Energy dCi 175 4WD X-Tronic

47000

Претходна објаваПоследниот G-Class со дванаесетцилиндарец се поздравува со стил
Следна објаваСо новиот полнач во Скопје, Европа има вкупно 118.131 полначи за електромобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here