Јавниот превоз во Германија остварил приход од 17,5 милијарди евра

јавниот превоз во германија приход

Статистиките што пристигаат од педантните Германци секогаш се импресивни, а тоа важи и за следниов податок. Лани, јавниот превоз во Германија остварил приход од 17,5 милијарди евра. За ориентација, тоа е шестпати повеќе отколку ланскиот буџет на Македонија.

Приходот остварен од јавен превоз на лица, вклучувајќи ги железницата, трамваите и автобусите во Германија, лани достигнал рекордни 17,5 милијарди евра. Според првичните резултати што ги објавува Сојузната служба за статистика, тоа претставува зголемување од 2,3 проценти во споредба со претходната година.

Јавните претпријатија за превоз на лица оствариле приход од 15 милијарди евра, претпријатијата во мешовита сопственост 0,63 милијарда евра, додека приватните претпријатија 1,87 милијарда евра.

Со 3,38 милијарди евра (+1,4%), приходот од превоз на ученици, студенти и останати образовни групи, учествува со точно една петина во вкупниот приход од јавен превоз.

Јавниот превоз во Германија за пет години „пораснал“ за близу 10 проценти

Во споредба со 2011 година, приходот од јавниот превоз во Германија за пет години се зголемил за 9,4 проценти или за 1,5 милијарда евра.

Во 2016 година, од секој од 11,4-те милијарди патници (+1,6%) во јавниот превоз во Германија е остварен приход од просечно 1,53 евро. Приходот по еден километар превоз по лице изнесува во просек 16 центи.

Претходна објаваЕлектричниот камион на Tesla одложен за средината на ноември
Следна објаваКупувачите помалку се интересираат за кожен ентериер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here