Дизајнерот на Jaguar во интервју од „300 километри на час“

jaguar xjr575

Во Jaguar не пропуштаат секоја пригода да ја претворат во спектакл. Исто како и со нивните автомобили. Дизајнерот Вејн Барџис беше поканет на интервју во траење од 44 секунди во новиот Jaguar XJR575. Толку време е потребно за крајната брзина.

Лимузините од најрасната сорта го затвораат кругот. По воведувањето на новите моделски генерации на Mercedes S-Class, на серијата 7 на BMW и на Audi A8вклучувајќи го во меѓувреме и фејслифтот на највозрасниот од нив – сега реагираат и од британската марка којашто некогаш беше нераздвојна од овој круг. Jaguar бара место меѓу најлуксузните и најдинамични лимузини со XJR575, како најекстремна изведба на серијата XJ. И најскапа, секако. Британскиот ценовник наведува 93.710 фунти.

Jaguar XJR575 спринтува до сто за само 4,4 секунди

Во историјата не постоел побрз XJ. Овој јури 300 километри на час и за тоа ги впрегнува 575-те коњски сили и 700-те њутнметри од петлитарскиот V8 со механички компресор. Одговара и спринтот до сто: 4,4 секунди.

За најверно да се прикажат овие способности на „575“, Британците повторно изнајдоа начин да се разликуваат од останатите. Телевизиската водителка и тркачка Аманда Стретон го интервјуираше дизајнерот за специјални проекти Вејн Барџис на задната клупа од брзиот Jaguar. За тоа, шармантната Стретон имаше на располагање само 44 секунди. Толку време му е потребно на XJR575 додека достигне 300 километри на час од место.

Како мина интервјуто, погледнете на видеото:

Претходна објаваПаркирање автомобил преку отпечаток од прстот
Следна објаваЕлектрично Mini пристига во 2019 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here