Фотографии направени од камерите на Volvo XC60

Volvo XC60 Barbara Davidson

Автомобилите денес поседуваат камери кои помагаат за безбедноста и комфорот. Швеѓаните ја искористија оваа техника во Volvo XC60 и на светот му ги покажаа првите фотографии направени од камера на автомобил.

Камери, радари, сензори, лидари. Денешните автомобили се преполни со техника што го следи светот околу нив. Тоа го прави возењето побезбедно, а во одредени случаи и порелаксирано за возачот – кога ќе се вклучат автопилотите што стануваат сé поспособни. Шведската премиум марка најде „нова“ примена за оваа техника.

Volvo XC60 како камера во рацете на прочуената Барбара Дејвидсон

Трикратниот добитник на пулицерова награда за фотографија Барбара Дејвидсон, направи фотосесија со камерите во новиот Volvo XC60. Ова е првпат автомобил да се користи како камера од професионален фотограф. Колекцијата од триесетина фотографии на Дејвидсон е снимена од камерите на безбедносните системи на Volvo XC60. Фотографиите ги прикажуваат улиците на данската престолнина Копенхаген од сосема нова перспектива.

Фотографиите беа прикажани премиерно во галеријата „Canvas Studios“ во Лондон. Изложбата ќе посети уште неколку градови во текот на годинава. Дејвидсон ја коментира својата креација: „Благодарение на камерите и останатите сензори, автомобилите како Volvo XC60 прават модерниот градски живот на пешаците и останатите учесници во сообраќајот да биде побезбеден. Со овој проект ги спојуваме уметноста и безбедноста, за луѓето да ги воочат придобивките од оваа технологија.“

Славната светска фотографка не го избра Volvo случајно. На тинејџерска возраст, таа претрпела тешка сообраќајна незгода. Лекарите подоцна ја информирале дека таа ја преживеала незгодата само поради автомобилот во когошто се возела – во Volvo.

За 45% намален бројот на незгоди со безбедносните системи во првиот Volvo XC60

Шведската марка во 2008 година ја лансираше првата генерација на XC60, во којашто го вгради првиот систем што запира самостојно при опасност од судир, City Safety. Според шведските статистики, овој систем го намалил бројот на незгоди за 45%. Визија на Volvo е до 2020 година да се достигне технолошко ниво коешто ќе спречи каква било незгода со кобни последици во автомобил со нивниот знак.

Новиот XC60 поседува три нови безбедносни системи. Едниот е усовршување на City Safety и овозможува автомобилот да ја обиколи пречката, не само да запре пред неа, вториот систем спречува челен судир – исто така со корекција на правецот – додека третиот систем спречува преоѓање во соседна лента кога одзади пристига друго возило. Во сите случаи, интелигентната електроника дополнително зафаќа во управувањето со возилото, правејќи го Volvo XC60 еден од најбезбедните теренци на пазарот.

Volvo XC60 Barbara Davidson 2954

Volvo XC60 Barbara Davidson 3954

Volvo XC60 Barbara Davidson 4954

Volvo XC60 Barbara Davidson 6954

Volvo XC60 Barbara Davidson 8954

Volvo XC60 Barbara Davidson 1954

Volvo XC60 Barbara Davidson 5954

Volvo XC60 Barbara Davidson 7954

Претходна објаваЕлектричен тротинет со знак на BMW и цена од 2500 евра
Следна објаваZarooq SandRacer 500 GT е новата играчка на шеиците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here