Како реагираат германските возачи при звук на сирена по автопат?

германските возачи реакција сирена

Првата помисла за германскиот аутобан е непостоењето брзинско ограничување. Така е барем на некои делници. Но, тоа што навистина ги одликува аутобанот и германските возачи е културата на возење. Избравме неколку видеа што го отсликуваат тоа. Вистината може да биде и различна од таа на којашто се надеваме.

Возењето по германските автопатишта, по аутобанот, секојпат открива нешто ново, специфично. Првата асоцијација секогаш е непостоењето брзинско ограничување. Тоа во одредена мера е точно, затоа што само некои делници се „ohne Geschwindigkeitsbegrenzung“. Второ може да се забележи дека народон не само што ги гради патиштата, туку се чини дека во исто време ја „гради“ и природата околу нив. Третото е беспрекорното означување. Сигнализацијата функционира безмалку телепатски. Штом човек помисли дали треба да се престрои пред следното исклучување, таблата се појавува.

„Како германските возачи реагираат на амбулантна сирена“

Но, постојат и многу заблуди и предрасуди за феноменот наречен аутобан. Видео со повеќемилионски прегледи е закачено на Youtube, насловено „Како Германците реагираат на амбулантна сирена“. Одушевувачки е да се погледне реакцијата што ја прикажуваат возачите по аутобанот. Со неколку исклучоци.

Повеќе одговара да се опише како запрепастувачка, отколку одушевувачка реакција. Возачите се строго построени во тоа што германскиот јазик педантно го срочува под „Rettungsgasse“ или лента за спасување.

„Кога во странство ќе видиш жолто Ferrari, дома ќе раскажеш дека таму сите возат жолто Ferrari“

Но, дали навистина германските возачи секогаш реагираат толку дисциплинирано кога ќе слушнат предупредувачка сирена? Според истиот манир, како турист кој ќе забележи уникатeн Aston Martin и потоа дома ќе испораскаже дека во одредената земја сите возат Aston Martin, веројатно од првото видео повеќето би заклучиле дека тоа најверно ја отсликува дисциплината по аутобанот.

На следново видео може да се погледне уште еден пример:

Реакциите на возачите на второво видео малку се разликуваат од претходните. Дури може да се забележи дека германските возачи не реагираат ништо поинаку од останатите. Возилото со пуштена сирена, на моменти тешко се пробива низ метежот. Патем, на Youtube постои специјализиран канал со снимки од интервентни возења. За хардкор-уживатели во овој вид материјал.

Секако дека постои објаснување зошто возачите на првото видео се построени како апотекарски шишиња. Ова е објаснувањето:

Редиците не се случајни. Не е во прашање култура вродена во генот, туку само организација. Полицијата е таа што на првото видео му претходела на амбулантното возило.

Разликата може да биде единствено во тоа што Германците построго ги почитуваат правилата што само се подразбираат во која било друга земја. Вистината обично е таа што ќе се сервира.

За крај, интернационална компилација од видеа на оваа тема:

Претходна објаваRiva во вода, Abarth 695 Rivale на асфалт
Следна објаваMercedes вложува 250 милиони евра во фабрика во Русија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here