Кибер-напади го запреа производството во Renault

Поради глобалните кибер-напади, Renault привремено го запре производството во неколку свои фабрики. Францускиот производител го презеде овој чекор со цел да спречи ширење на штетниот софтвер.

Автомобилскиот производител Renault по глобалниот бран кинер-напади го запре производството во дел од своите фабрики во Франција. Овој чекор беше преземен како дел од заштитните мери со цел да се спречи ширење на штетниот софтвер. Според информациите од работничките здруженија, најмногу била погодена фабриката во Сандувил во регионот на Нормандија, со околу 3.400 работници. Најголем дел од продукцијата во оваа фабрика отпаѓа на доставните возила, како Renault Traffic.

Инфицирани се најмалку 75.000 компјутери

Според првичните наводи од информатичките експерти за безбедност, во кибер-нападите од петокот се заразени најмалку 75.000 компјуери во десетина држави. Погодени се повеќе болници во Велика Британија, германската железница и телекомуникацискиот концерн Telecom во Шпанија. Нападите се запрени во ноќта кон сабота, благодарение на експерт кој во софтверскиот код наишол на еден вид „сопирачка за итен случај“.

Претходна објаваСовети: Мали делови што се од суштинско значење за автомобилот
Следна објаваПретседателски DS 7 Crossback за Емануел Макрон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here