Експедиција на Škoda поаѓа во потрага по Јети

Авантуристот Аластер Хамфрис, познат од каналот „Нешенал Џеографик“, ќе го предводи тимот на Škoda којшто ќе бара нови докази за постоењето на Јети. Петнаесетчлениот тим од почетокот на следниот месец ќе се впушти во авантура по непристапните предели во Бутан. Возилото за експедицијата – Skoda Yeti.

Експедиција предводена од познатиот британски авантурист Аластер Хамфрис ќе бара одговор на прашањето што истражувачите ги мачи со векови – дали постои Јети? Авантурата е под покровителство на британскиот увозник на Skoda и предвидува искачување по планините во Бутан со неколку возила Skoda Yeti, во подрачјата кадешто е забележан Јети.

Јети или Снежниот човек е дел од бутанскиот фолклор уште од крајот на 18-от век. Половина човек, половина животно, Јети е цел на безбројни експедиции во последните 200 години, со неколку веродостојни докази коишто остануваат необјаснети. Мештаните се убедени во постоењето на Јети, додека експертите претпоставуваат дека суштеството може да е преживеан примерок од џиновскиот мајмун „Гигантофитекус“ за којшто се верувало дека е изумрен.

 

https://www.instagram.com/p/BGwoW2AFBQK/?taken-by=al_humphreys&hl=en

Патувањето ќе започне во Семдрап Јонкар во југоисточниот дел на Бутан, од кадешто ќе се упати на север на рута долга над 500 километри и на надморска висина до 3.500 метри. Локални експерти ќе учествуваат како водичи и на тимот ќе му ги покажат местата кадешто Јети бил виден во последните години.

Британскиот увозник на Skoda подготви неколку примероци од Yeti Outdoor, опремени со опционалниот пакет за теренски возење, вклучувајќи дополнителна заштита на подвозјето. За разлика од хималајскиот Јети, верзијата на Skoda се среќава почесто. Од стартот во 2009 година, во светот се продадоа над 580.000 примероци од компактниот теренец на чешката марка.

Претходна објаваRispeed ќе донесе „оаза“ на саемот на електроника во Лас Вегас
Следна објаваЧетири освежувања на Dacia за новото моделско годиште

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here