Opel ја затвори фабриката во Бохум: Што е следно?

DHL е новиот корисник на фабриката на Opel. Бохум ќе стане центар за дистрибуција на пакети

Фабриката на Opel во Бохум повеќе не работи. Во огромните фабрички хали ќе се работи и во следните неколку месеци, но на отстранување на машините. Голем дел ќе заврши во отпад.

Тим од околу 150 работници во следните неколку месеци ќе ги демонтира машините во фабриката на Opel во Бохум и ќе ги испразни халите. Чистењето треба да заврши до 1-ви јуни 2015, кога целосно исчистените објекти ќе му бидат предадени на претпријатието „Перспектива Бохум 2022“ што натаму ќе раководи со објектот и ќе посредува во неговото предавање на други фирми.

Opel ќе користи дел од машините, а дел ќе бидат продадени во странство. Во 2010/2011 година марката инвестираше 175 милиони евра во модернизација на производството во фабриката во Бохум, што значи дека има голем број нови машини. Роботите ќе се користат во Риселсхајм или во другите фабрики на Opel, а остатокот ќе се продаде на трговци со индустриска опрема. Преостанатото ќе оди во отпад.

„Перспектива“ од следното лето ќе започне со адаптација на халите и замена на инсталациите за потребите на новиот корисник. Од 2016 година, DHL ќе ги користи халите за центар за дистрибуција на пакети со 600 вработени. Покрај DHL ќе има уште неколку помали претпријатија, вклучувајќи го и магазинот за резервни делови за Opel со 700 вработени и под логото на партнерот Neovia. Opel ќе инвестира 60 милиони евра во изградба на нови хали за потребите на европскиот центар за дистрибуција. Од 3.300-те вработени, околу 300 ќе заминат во пензија, а други 300 ќе бидат префлени како засилување во централниот магазин. Околу 2.700 вработени ќе отидат под биро, коешто ќе се погрижи лицата да добијат вработување во текот на следните две години.

Околу зградата на управата во следниот период ќе се решава дали ќе остане под заштита како историски споменик.

Претходна објаваНеобичните рекорди на електричните автомобили (и малку историја)
Следна објаваWillys AW 380 Berlinetta: Додека се појави новиот Renault Alpine

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here