Во првите девет месеци од годинава Toyota ја зголеми продажбата за 2,8 проценти и продаде вкупно 7,6 милиони возила во светот. Volkswagen заостанува со само 200.000 возила.
Според бројките што денес ги објави Toyota, јапонската марка ја задржува предноста пред германскиот ривал Volkswagen, којшто во првите три квартали продаде 7,4 милиони возила, или 200.000 помалку од Toyota. Во продажните бројки на Toyota влегуваат и марките Hino и Daihatsu. Лани Toyota беше прв производител што постигнал продажба од преку 10 милиони возила. Во оваа година се планира натамошно зголемување на продажбата, а со тоа и на предноста пред Volkswagen и General Motors. Минатата година Volkswagen ја заврши со 9,73 милиони возила, а General Motors со 9,71 милиони возила.
















