Ексклузивна воведна серија во 2.000 примероци на Fiat 500X

Купувачите на ексклузивната серија ќе ги добијат своите примероци пред сите, со „гратис“ опрема во вредност од 3.500 евра

Италијанците постигнаа вистински погодок со кросоверот 500X. Со нетрпение се чека стартот на нарачките. За посигурните купувачи да си обезбедат примерок, Fiat ја понуди оваа ексклузивна серија.

Fiat го има моделот што ќе предизвика големо размешување на картите меѓу играчите во сегментот на мини кросоверите. Реакцијата по премиерата на 500X на салонот во Париз беше крајно позитивна, единственото прашање на потенцијалните купувачи не беше „колку“, туку „кога“. Куќата од Торино сепак умее одлично да се справи со вакви ситуации. На 2.000 купувачи што се подготвени да платат повеќе за да си обезбедат примерок од Fiat 500X, откако ќе почне навалицата во европските салони од стартот на следната година, Италијанците им ја нудат ексклузивната серија 500X Opening Edition, со највисокото ниво на опрема и најсилните мотори.

Само две бои, кремаста за верзиите 4х2 и црвена во три слоеви за верзиите 4х4
Само две бои, кремаста за верзиите 4х2 и црвена во три слоеви за верзиите 4х4
„Воведното издание“ на кросоверот ќе биде достапно во две бои на каросерија, кремаста за повеќе да се вклопува во урбаните средини и црвена за рекреативците. Fiat ги прима нарачките за моделот преку страницата www.500X.fiat500.com , „мал“ проблем е тоа што ексклузивната серија е ограничена на неколку земји. Пазарите од кои што Fiat очекува најмногу од кросоверот се Италија, Германија, Франција, Шпанија и Швајцарија. Серијата ќе Opening Edition се нуди во три верзии, со бензински 1.4 Turbo MultiAir II со 140 КС и дизелски 1.6 MultiJet II со 120 КС, обете со погон напред, односно со 2.0 MultiJet II со 140 КС и погон на сите тркала.

fiat 500x 14143789013_03Верзиите со преден погон се достапни само во кремаста боја на каросеријата, стандардно опремени со автоматски клима уред, алу-бандажи од 18 инчи, пакет безбедносни системи (следење лента, самостојно запирање при опасност од судир), камера за рикверц, пристап и стартување без клуч, затемнети задни прозорци, и секако, амблем Opening Edition. Верзијата со погон 4х4 има три слоеви црвена боја на каросеријата, деветстепен автоматски менувач, навигација, кожен ентериер во две бои, автоматика на светла и бришачи, електрично собирање на ретровизори и електрохроматски внатрешен ретровизор.

Цената на моделот 1.4 Turbo MultiAir во Италија изнесува 21.900 евра, додека најскапиот модел е 2.0 MultiJet II 4×4 со 30.650 евра. Спорeд Fiat, опремата што е вградена стандардно во Opening Edition вреди 3.500 евра повеќе отколку што наплаќаат Италијанците. Секако дека двете илјади среќници ќе ги добијат своите примероци од Fiat 500X пред сите други, така што за оваа ексклузивност многумина се подготвени да платат и повеќе.

Претходна објаваНов рекорд на Рајнер Цитлов: Од Норвешка до Јужна Африка за 22 дена
Следна објаваToyota продаде седум милиони автомобили со хибриден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here