за

Евтините гуми сопираат три должини на автомобил подоцна

тест на летни гуми ауби евтини гуми
тест на летни гуми ауби евтини гуми

Магазинот Ауто Билд во почетокот на март изврши обемно тестирање на 50 модели на гуми за моќни лимузини од рангот на E-Class. Во тестирањето беа вклучени и гуми од непознати и „евтини“ марки. Зошто експертите советуваат овие гуми да не се користат?

Кога возачите почнуваат да се подготвуваат за следната смена на зимските гуми на автомобилот со летни, германскиот магазин Ауто Билд традиционално објавува обемно тестирање на актуелните модели на летни гуми. Годинава на тестирањето што дава резултати кои се меѓу најценетите во браншата, се најдоа дури 50 модели на летни гуми со димензија 245/45 R 18. Тоа е димензија што обично се користи во лимузините од вишата класа, од рангот на Mercedes E-Class или Audi A6.

Тоа што му даде посебен печат на ова тестирање беа гумите од таканаречените втори и трети марки на големите производители на гуми, како и производи од сосем непознати марки. Овие гуми се значително поевтини од моделите на премиум-марките, како Continental, Goodyear, Michelin и други. Прашањето е: Дали навистина вреди да се вложи во поскапите гуми, ако и евтините гуми се исто толку добри?

Резултатите од тестирањето не оставија простор за сомневање. Уште во првата категорија на тестирањето, при мерењето на должината на патот на сопирање од 80 km/h на влажен пат и од 100 km/h на сув пат, се покажа дека речиси сите поскапи гуми запираат порано од евтините гуми. Експертите на Ауто Билд советуваат овие гуми да се избегнуваат, затоа што нивниот пат на сопирање е предолг.

Овие десет летни гуми треба да се избегнуваат:

(вредностите во заграда се однесуваат на измерената должина на патот на сопирање во метри)

Tristar Sportpower 2 (влажно: 37,0; суво: 36,5; збир: 73,5)

Dayton Touring 2 (влажно 37,2; суво: 36,4; збир: 73,6)

Barum Bravuris 5 HM (влажно: 36,1; суво: 37,7; збир: 73,8)

Marshal MU12 (влажно: 37,4; суво: 36,6; збир: 74,0)

Seiberling Touring 2 (влажно: 37,0; суво: 37,0; збир: 74,0)

Federal Evoluzion ST-1 (влажно: 39,4; суво: 35,3; збир: 74,7)

Nankang Ultra Sport NS-2 (влажно: 38,2; суво: 36,5; збир: 74,7)

GT Radial SportActive (влажно: 39,1; суво: 36,8; збир: 75,9)

Imperial Ecosport 2 (влажно: 38,7; суво: 37,3; збир: 76,0)

EP-Tyres Accelera Phi-R (влажно: 40,5; суво: 37,4; збир: 77,95)

Најслаби резултати имаат протектираните гуми

Уште послаби резултати имаат протектираните гуми King Meiler Sport 3 (пат на сопирање на влажно: 43,2 m; суво: 41,0 m; збир: 84,2 m). За споредба, најкус пат на сопирање на влажно со тест-возилото на Ауто Билд постигнаа Bridgestone Potenza S001 (28,7 метри). Тоа е голема разлика од дванаесет метри, три должини на градски автомобил! Германските експерти посебно нагласуваат дека тестираните гуми поседуваат индекс на носивост/брзински индекс 100Y – што значи дека овие гуми треба да одговараат и за тешки автомобили што постигнуваат брзини до 300 километри на час.

Колку што се бара повеќе од гумите, толку повеќе се покажува и разликата во квалитетот меѓу гумите на тестот. Посебно кај возилата од вишата класа е грешка да се штеди на гумите.

Дирк Мелер, експерт за гуми на Ауто Билд

На крај се исплатува вложување во поскапите гуми

Разликата во цената станува релативна кога таа ќе се донесе во сооднос со издржливоста на гумите, односно со нивното трошење. Поевтините гуми обично се трошат побрзо отколку поскапите гуми. Пример за тоа се гумите Laufenn, втора марка на Hankook. На тестовите за патот на сопирање, Laufenn S Fit EQ+ покажа подобри резултати од останатите подостапни гуми.

Според цените во Германија, четири гуми од овој модел чинат 445 евра, што е 130 евра помалку од гумите Continental Premium Contact 6, кои победија на тестот на Ауто Билд. На крајот, сепак се исплатува да се вложи во гумите од Continental, откако при мерењето на степенот на трошење на пробни валци, се покажа дека тие издржуваат 17.000 повеќе километри од гумите Laufenn.

Безбедноста е најважна

Безбедноста пред сé! Меѓу евтините гуми на тестирањето на Ауто Билд постојат исклучоци и тие се доволно безбедни. Но, тоа го знаат само познавачите. Повеќето од евтините гуми на тестот сепак се покажаа во лошо светло. Некои од нив се небезбедни поради предолгиот пат на сопирање. Овие гуми треба да се избегнуваат. Експертот Дирк Мелер заклучува: „Ако се купува на слепо, тогаш подобро да бидат гуми од премиум марка!“

Налепниците на гумите ќе прикажуваат дополнителни информации

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продукцијата во март и април покуса за 810.000 автомобили

Продукцијата во март и април покуса за 810.000 автомобили

Toyota Corolla шампион во задржување на вредноста

Toyota Corolla шампион во задржување на вредноста