за

Tesla со рекордна испорака во првото тромесечје: Над 100.000 возила

Tesla Model Y
Баран е и носи голема заработка: Тесла Модел Ипсилон се произведува и во Германија, во близина на Берлин.

Tesla продолжува да урива рекорди. Овојпат станува збор за надминување на сопствениот продажен рекорд од првиот квартал лани. Марката до крајот на април произвела 102.672 и испорачала 88.400 возила. Месецов ќе биде поинаку, фабриките во Фремонт и Шангај мируваат веќе подолго време поради корона-кризата.

Специјалистот за електрични автомобили од Калифорнија, во периодот од јануари до март испорачал 88.400 возила ширум светот. Тоа е значајно зголемување во споредба со истиот период лани, кога испораките достигнаа 64.000 примероци. Ланскиот резултат за првото тромесечје, пак, беше за 20.000 возила подобар од истиот период преклани. Со други зборови, продажбата на Tesla расте бурно.

Што се однесува до продукцијата, во трите први месеци од 2020 година биле произведени 102.672 возила, а тоа е незначително под резултатот од последниот квартал од лани, кој воедно е најдобро тромесечје во историјата на Tesla.

Tesla изненади со раниот старт на Model Y, наспроти големите доцнења на претходните модели на компанијата, но потоа започна кризата

Испораките на Tesla Model Y, новиот СУВ од средната класа и технички близнак со Model 3, започна пред завршувањето на првото тромесечје. Не се знае колку точно примероци се испорачале од идниот хит-модел по Model 3, затоа што Tesla објави заеднички бројки од продажбата нa овие два модели. Тоа веројатно е стратешки чекор на електро-специјалистот, затоа што се очекува „Y“ да ѝ донесе нов бран сензационални наслови на Tesla.

Голема е неизвесноста како понатаму ќе се движи продажбата на возила во светски рамки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Домашните испораки ја зголемија продажбата на ванови во Британија

Домашните испораки ја зголемија продажбата на комбиња во Британија

Како Mercedes го доби името по девојчето Мерцедес

Како Mercedes го доби името по девојчето Мерцедес