за

Tesla ќе отпушти илјадници вработени

Шефот на американскиот производител на електрични автомобили Tesla најави масовно отпуштање во компанијата, рецесијата носи жртви.

Брзиот раст на производителот на електрични автомобили Tesla долго време беше своевидна гаранција за сигурно вработување. Сега шефот Илон Маск најавува илјадници отпуштања.

Во следните месеци, Tesla ќе отпушти 3 до 3,5 проценти од својот работен персонал. Тоа го потврди шефот на компанијата Илон Маск, откако на сцената проструија бројни шпекулации. Секој десетти службеник ќе мора да си замине од компанијата, а наспроти тоа, гледано во подолг рок ќе се зголемува бројот на работници во фабриките. Во почетокот на годината, работниот персонал во Tesla броеше близу 100.000 лица. Во видео-интервју за време на конференција на екомнмскиот форум во Катар, Маск посочи дека пребрзо бил зголемен бројот на службеници во компанијата.

Техно-милијардерот очекува дека во наскоро време ќе се случи рецесија во САД. Повикувајќи се на едно интерно писмо излезено од кругот на компанијата, бројни медиуми во изминатите недели објавуваа шпекулации дека Tesla ќе скуси десет проценти од целиот работен персонал, поради отежнатите пазарни услови.

Во видео-интервјуто, Маск зборуваше и за своите политички ставови. Тој неодамна објави дека во иднина ќе гласа за републиканците, поради тоа што демократите на Џо Бајден прераснале во „партија на раздвојување и на омраза“.

Tesla произведува во шест фабрики ширум светот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Електрична Kia влечеше камп-приколка низ четири држави

Вака изгледа превозот до работа во иднината