за

Лимузинската верзијa на Renault Megane доби моделско освежување

Од почетокот на продажбата во 2016 година, Renault пласираше 200.000 примероци од лимузинската изведба на Megane. Јасно дека тоа е важен модел за Французите.

2020 - New Renault MEGANE SEDAN

Лимузинската изведба на Renault Megane се продава на близу триесет пазари, градејќи го глобалниот карактер на француската марка. Класичната каросериска изведба на компактот на Renault доби моделско освежување со неколку зафати во изгледот, заедно со нова технологија за повеќе безбедност и комфор.

Новата лимузинска изведба на Renault Megane ќе се препознава лесно по светлата, кои се 100% Pure Vision LED и покрај тоа што одлично го осветлуваат патот, придонесуваат и за впечатливиот изглед, со формата на потковица.

Предниот браник е сменет, заедно со маската, вклучувајќи хромирани додатоци. Отстрана исто така се забележуваат новите браници, но и новото осветлување на рачките на вратите. За каросеријата се достапни седум бои, новина е хајленд-сивата. Стилот го заокружуваат тркала со нов дизајн, со пречник меѓу 16 и 18 инчи.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Инструментите се дигитални, со пречник од 10,2 инчи и со прикажување на навигацијата, заради подобра прегледност и полесно користење. Средишниот дисплеј во поопремените изведби има пречник од 9,3 инчи и двојно е поголем од претходно. Обновени се можностите за поврзување и користење на преносни уреди.

Командите за климатизацијата имаат хромирани украси, сменети се и облогите на седиштата. За возачкото седиште може да се избере опција за електрично местење.

Со посилните мотори од понудата следи и избор на четири програми на возење – еко, комфор, спорт и MuSense. Во програмите за возење сега се вклучени и осветлувањето на кабината и генерирањето звук на мотор.

Меѓу новите системи за асистенција се вбројува приспособливиот темпомат со самостојно запирање и поаѓање во колона. Автоматското запирање сега реагира и при пешак на патот, додека сензори назад предупредуваат кога при излегување наназад наидува возило.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Проширена е понудата од мотори, којашто воедно е доведена во согласност со стандардот Euro 6D Full. Бензинците почнуваат со 1.0 TCe со 115 КС и мануелен менувач, по него следи 1.3 TCe со 140 КС, дополнително во комбинација со 7-степен менувач со двојна спојка. Од дизелите е достапен единствено 1.5 Blue dCi со 115 КС, кој исто така може да се нарача со 7-степен EDC.

Пазарите на коишто се нуди лимузинскиот Renault Mégane се Саудиска Арабија, Бугарија, Хрватска, Египет, ОАЕ, Естонија, Унгарија, Ирска, Израел, Латвија, Литванија, Мароко, Полска, Портуигалија, Чешка, Романија, Србија, Словачка, Тунис, Турција и Украина. Во официјалното соопштение недостига македонскиот пазар.

Производството во фабриката во Турција ќе започне во 2021 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia воени возила

Ги познавате воените возила на Kia?

Bugatti Bolide

Тркачкиот Bugatti Bolide располага со 1.850 КС и вози над 500 km/h