за

Норвешка првпат регистрираше повеќе електрични од обични автомобили

Студот не ја смалува еуфоријата на Норвежаните за електричниот погон, што ги направи светски шампиони во електромобилноста.

audi a-tron најпродаван електричен автомобил во Норвешка

Продажниот бум на електричните автомобили во Норвешка трае со години. Лани во скандинавската држава првпат се продадоа повеќе автомобили со електричен погон, отколку бензинци, дизели и хибриди заедно. Еден концерн искористи најмногу.

Во Норвешка лани првпат се продале повеќе електирчни автомобили, отколку што сите останати видови на погон – бензински, дизел и хибриди – се продале заедно. Дури 54,3 проценти од новорегистрираните автомобили во скандинавската држава лани се електирчни автомобили. На приклучните хибриди им припаѓа една петина од пазарот, односно околу 20%, додека бензинците и дизелите имаат по помалку од 10% удел.

Норвешка е прва држава во светот во којашто електричните автомобили учествуваат со повеќе од 50 проценти во продажбата. Нивниот удел во 2019 година изнесуваше 42,4 проценти. Една деценија претходно, учеството на електричните автомобили изнесуваше еден процент. За споредба, на германскиот пазар, кој е најголем пазар во Европа, шест проценти од автомобилите што се продале во периодот од јануари до ноември биле електрични автомобили.

Во земјата најмногу се бараат електричните модели од концернот Volkswagen, кој во меѓувреме го престигна ривалот Tesla. Четирите најпродавани модели на норвешниот пазар се Audi e-tron, Tesla Model 3, Volkswagen ID.3 и Nissan Leaf. Сите овие модели се развиени исклучиво за електричен погон. На петтото место следи Volkswagen e-Golf. Електричниот СУВ-модел Audi e-tron го потисна Model 3, кој во 2019 година беше најпродаван, а лани заврши на второто место.

За 2021 година се очекува електричните автомобили во Норвешка да достигнат удел над 65 проценти. Дизелите, од 76,7 проценти во 2011 година, лани спаднале на 8,6 проценти.

Норвешка важи како пионерска земја на електромобилноста. За продажниот бум најмногу е заслужна политиката. Електричните автомобили во земјата речиси целосно се ослободени од секаков вид даноци и во поглед на цената се споредливи со обичните бензинци и дизели. Електричната енергија што е потребна за автомобилите целосно потекнува од енергијата на водата. Целта е по 2035 година во богатата скандинавска држава да се продаваат само електрични автомобили.

>>> Само едно од десет нови возила во Норвешка е бензинец или дизел

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota победи на вториот брзинец на Рели Дакар 2021

Toyota победи на вториот брзинец на Рели Дакар 2021

Неколку совети од Škoda околу одмрзнувањето на стаклата

Неколку совети од Škoda околу одмрзнувањето на стаклата