за

Историски факти за Mercedes C-Class пред денешната премиера

Тој е модел за успех. Од дебито како автомобил од компакт класата во 1982 година, C-Class прерасна во најпродавана моделска серија на Mercedes-Benz благодарение на разновидноста и напредната технологија.

mercedes 190 1982 c-class

Милионер: Повеќе од 10,5 милиони примероци од Mercedes-Benz од оваа класа се произведени од 1982 година.

Baby Benz”: Така клиентите во Северна Америка го нарекуваа моделот W 201, затоа што тој успешно ги пренесе вредностите на марката Mercedes-Benz во сосем нов пазарен сегмент.

The “C”: Во 1993 година, во текот на новото именување на моделските серии, „Baby Benz” стана C-Class. Тој беше втор модел на Mercedes-Benz по S-Class што доби ново име.

Моќни: Изведбите со високи перформанси од W 201 беа основа за победничките болиди во германското првенство со туристички возила DTM до 1996 година.

Дома во целиот свет: Денес C-Class се произведува во Бремен (главна фабрика за моделот), во Ист Лондон (Јужна Африка, сите верзии со волан десно) и Пекинг (Кина, вклучувајќи продолжена верзија за локалниот пазар). Во минатото се произведуваше и во Зинделфинген (Германија), Таскалуза (САД) и Хуиз де Фора (Бразил).

Тријада: Спортските AMG-модели на C-Class се популарни на сцената и се продаваат успешно уште од 1993 година.

Механички компресор: Воведувањето на рутс-компресорот во C 230 во 1995 годона (во W 202) беше повторување на историјата на автомобилите на Mercedes со високи перформанси во 1920-те и 1930-те години.

Двојни светла: Нов преден дизајн со две светла беше обележје на моделската серија 203, од 2000 година.

Спортски модели со две врати: Традицијата започна во 2000 година со C-Class Sports Coupé (CL 203), по кого што следеше C-Class Coupé од генерацијата 204 и по него кабриолетот од генерацијата 205.

Технологија: Секоја генерација во историјата на C-Class поседуваше напредна технологија којашто беше репер во својот пазарен сегмент. Технологијата честопати пристигаше од врвните моделски серии на Mercedes-Benz.

>>> Новиот Mercedes C-Class чека само уште датум за премиера

mercedes c class w 206

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw нов софтвер

Нов софтвер во автомобилите на BMW пристига „по воздух“

mercedes c-class

Mercedes C-Class традиционално e празник за автомобилската сцена