Ако тоа е добро за Mercedes–AMG, тогаш е добро за сите. Одржувајќи баланс меѓу CO2-стегата на ЕУ и еуфоријата од електричниот погон, C 63 S Е Performance испорачува системски 680 КС и вртежен момент од 1020 њутнметри – хибриден погон во лута лимузина.
Најдобрата од добрите вести за новиот C 63 AMG: Лимузината со перформанси на Porsche 911 Turbo уште изгледа како под хаубата да носи мотор V8. Препознатливата панамерикана-маска, големите отвори за воздух и хаубата со дополнителен испуст за воздух меѓу двата гребени не оставаат простор за сомннеж дека ова е моќен автомобил. Проширени крила за вдомување на големите тркала со дополнително зголемена ширина на трагата, исто така не отсуствуваат. Припадноста на C 63 во семејството AMG-модели ја прикажуваат и праговите, логоата C 63 на црвена основа, дифузорот, малиот спојлер на багажникот и четирите изудувни цевки со правоаголен профил.
Најголемата новина дури и најверните заљубеници во марката Mercedes ќе ја забележат на втор поглед. Каросеријата на C 63 S е преправена во споредба со онаа на стандардниот модел. Предниот дел е 5 сантиметри подолг и 7,6 сантиметри поширок. Лимузинската и комби изведбата T-Model се подолги вкупно за 8,3 сантиметри од C 180 & Co. Притоа и меѓуоскиното растојание е развлечено за 1 сантиметар плус.
Сите овие зафати имаат цел да се ослободи простор за новата погонска единица. Планот воопшто не бил да се вградува мотор V8, затоа што таква брутална машина била исклучена уште од стартот на развојот на новата генерација на C-Class.
Погонот на C 63 AMG се состои од дволитарец со 4 цилиндри и турбонатоолнење, и електромотор за задната оска. Системската моќност изнесува 680 КС, системскиот вртежен момент 1020 Nm. Тоа е повеќе од кој било конкурент во класата. Само од 4-цилиндарецот доаѓаат 476 КС и 545 Nm. Моторот е познат од A 45 S, со таа разлика што е вграден надолжно, место попречно. Mercedes веќе извесно време го користи електричниот турбополнач за своите модели E-Performance. Сета оваа техника прави моторот M 1391 да биде најсилен четирицилиндарец во светот. Со специфичната моќност, тој е дури на исто рамниште со претходниот C 63, без S.
Бензинецот го придружува електромотор од 150 kW (204 КС), што заедно со електрично контролиран двостепен менувач и диференцијал со електронски контролирана блокада е сместен во таканаречен EDU (Electric Drive Unit) на задната оска. Целосно приспособливиот погон на сите тркала 4Matic+ и активното управување на задната оска се стандард. Со овој погонски арсенал, Mercedes-AMG C 63 S E Performance спринтува до темпо сто за 3,4 секунди и постигнува крајна брзина од 280 km/h (270 km/h кај комбито T-Modell). Последново важи само при доплата за AMG Driver’s Package. Тука веќе нема сомневање, во поглед на перформансите, ова е вистински C 63!
C 63 S може да извози неколку километри чисто на струја
Необичното е во тоа што C 63 може да се движи само на струја, барем на кусо растојание. Конретно станува збор за досег од 13 километри. Тоа не е премногу, но е оставено како можност со батеријата од 6,1 kWh, чијашто првенствена задача е да се грижи за екстра моќност, кога возачот ќе го побара тоа.
Класичарите ќе посочат на дополнителната тежина од хибридниот погон. Со EDU, управувана задна оска, погон на сите тркала, C 63 S E Performance тежи 2111 килограми, што е повеќе од S 500 (2045 килограми).
Во внатрешноста има само неколку новини. По барање, топ-моделот на C-Class се добива со жолти штепови на седиштата и седишта AMG Performance од втора генерација, коишто се познати од C 43. Системот MBUX исто така е збогатен со дополнителни информации и функции за хибридниот погон.
AMG уште не ја соопштува цената. Конкурентскиот Audi RS 4 Avant со 450 PS во Германија стартува од 86.500 евра, додека BMW M3 Competition xDrive чини најмалку 96.800 евра и има 170 КС помалку од C 63 S. Моделска изведба без S повеќе нема да се нуди.
Mercedes-AMG SL 43 е прв автомобил со електричен турбополнач