Lexus во септември надмина продажба од еден милион возила во Европа. Ова значајно достигнување се совпаѓа со одбележувањето на полни три децении на Lexus на европскиот пазар.
Првиот милион на Lexus во Европа се поклопува и со почетокот на новата ера на луксузната марка на Toyota. Таа почнува со пазарниот старт на UX 300e, првиот целосно електричен автомобил што ќе биде достапен на најголемите европски пазари за автомобили на струја.
Во 1990 година, неколку месеци по светското деби на марката во САД, Lexus започна со продажба на европскиот пазар, со еден и единствен, но вреден модел. LS 400 во првата година се продаде во 1.158 примероци. Тоа беше скромна бројка во споредба со Mercedes, BMW & Co, но моделот одигра важна улога, затоа што постави нови мерила за перформансите, ефикасноста и напредната опрема.
Lexus воведе и нов пристап во сервисирањето на возилата. За таа цел, луксузната марка ги следеше начелата на омотенаши. Тоа е духот на јапонската традиција, за клиентите да се третираат со истата грижа како гостин во домот. Врвните стандарди во сервисите отсекогаш биле клучен фактор во настапот на марката.
Според последните статистики за Европа, најпродавани модели на Lexus се СУВ со хибриден погон
Во 2005 година беше претставен првиот луксузен автомобил со хибриден погон, СУВ-моделот RX 400h. Од еден милион продадени примероци во Европа, околу 45% се хибриди. Денес, овој погон е заштитен знак на марката и достигнува удел од 96% во Западна Европа.
СУВ-моделите учествуваат во најголем дел во продажбата, со повеќе од 550.000 примероци. Денешната моделска понуда се состои од RX, модел што воведе нови стандарди меѓу луксузните СУВ-возила, потоа од продолжена верзија RX L со седум седишта, од моделот од средната класа NX и од компактниот кросовер UX, лансиран лани. Тој е воедно и најпродаван модел на Lexus во Европа годинава. Во Русија и други источни пазари, Lexus го нуди големиот теренец LX, како и моделот GX. Сите овие модели денес сочинуваат 80% од продажбата на Lexus во Европа.
Најпродаваните моделски серии на Lexus во Европа 1990-2020
Модел |
Претставен |
Вкупно примероци |
LS |
1990 |
39059 |
GS |
1993 |
74998 |
IS |
1999 |
202210 |
RX |
2000 |
289284 |
SC |
2001 |
6202 |
LX |
2002 |
58234 |
GX |
2010 |
14862 |
ES |
2010 |
26949 |
CT |
2011 |
97637 |
LFA |
2011 |
38 |
NX |
2014 |
155366 |
RC |
2015 |
7083 |
LC |
2017 |
1816 |
UX |
2019 |
32972 |
ВКУПНО |
1006710 |