за

Kia постигна рекорден удел на европскиот пазар и раст од 25 проценти

Во последното тромесечје продажбата на Kia во Европа се зголемила за околу една четвртина. Нормално, најпродаван модел и натаму е Sportage, дури и во време кога наследникот е пред врата.

Најновите статистики што ги објави Здружението на европски производители на автомобили потврдија уште еден рекорд на Kia. Во периодот од почетокот на јули до крајот на септември, Kia учествувала со рекордни 4,2 проценти во вкупната продажба на возила во Европа.

Kia постави рекорд на рекордот. По рекордните 3,9 проценти учество во продажбата на возила во првото полугодие од 2021, Kia во првиот следен квартал веќе бележи уште еден рекорд. Од јули до септември, марката што во Европа е одомаќена со фабриката во Жилина, Словачка, постигнала удел од 4,2% во вкупната продажба на возила.

Овој рекорд се случува во време кога европскиот пазар (ЕУ, ЕФТА и В. Британија) во првите девет месеци од годината пораснал за 6,9 проценти. Наспроти тоа, Kia ја зголемила продажбата за 24,5 проценти во споредба со истиот период лани. Тоа значи вкупно 387.716 продадени возила до крајот на септември, наспроти 311.326 возила лани. Kia напредува подобро од која било друга големоволуменска марка во Европа.

Најпопуларен модел е Sportage со вкупно 88.580 примероци за девет месеци. Следи кросоверот Niro со 70.537 примероци, со одлична продажба главно поради широката понуда од најразлични варијанти на електрифициран погон, од хибрид до целосно електрична изведба.

Европскиот ексклузивец Ceed е трет најпродаван модел, со 67.230 примероци, вклучувајќи го комбито Sportswagon, спортското комби ProCeed и стилскиот-болид XCeed 

Џејсон Јеонг, претседател на Kia Europe, коментира: „Додека пошироката автомобилска индустрија продолжува да заздравува од последиците на пандемијата од ковид-19 и од недостигот од полупроводници, ние продолживме да бележиме исклучително силен раст, постигнувајќи највисок пазарен удел досега. Тоа е доказ за моќта на новата марка Kia и за нашата понуда од стилски модели со електрифициран погон и ниска емисија.“

New photo by Automedia MK / Google Photos

Добри вести се очекуваат и од неодамна комерцијализираниот електричен кросовер EV6 со супертехнологија во сферата на електричниот погон, но секако дека се очекува уште повеќе од новата генерација на Kia Sportage, којашто во Македонија можеме да ја очекуваме веројатно уште во декември.

>>> Тест · Kia Sorento 2.2 CRDi Premium

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota им издава сертификати на „милионерите“

Илон Маск гостин на собранието на топ-менаџери на Volkswagen