за

Kia постави дизајнер посебно за електричните возила

Вон Киу Канг ќе раководи со дизајнирањето на идните серии модели на Kia со електричен погон.

Kia постави дизајнер посебно за електричните возила

Kia Motors го постави Вон Киу Канг за потпретседател и раководител на т.н. група за дизајнерски иновации на Kia. Тој ќе креира во центарот на Kia во Намјанг, Кореја, под раководство на Карим Хабиб, шеф на дизајнерскиот центар на Kia.

Канг важи како специјалист за напреден дизајн и ќе раководи со стратешкиот развој на дизајнот на Kia, како на каросеријата, така и во кабината. Неговото поставување се должи на планот на Kia да преземе лидерска позиција во електрификацијата. Дизајнот што ќе се совпаѓа со карактерот на електричните возила треба да одигра клучна улога во привлекувањето на купувачите.

Како дипломец на катедрата за дизајн на возила при Центарот за дизајн во Пасадена, Калифорнија, Вон Киу Канг има стекнато 15-годишно искуство во каросериски дизајн. Како кадар на BMW, тој меѓу другото го има истражувано соединувањето на дизајнот на премиум возилата со идните технологии за мобилност.

Канг досега работеше како креативен директор во центарот за дизајн на BMW во Шангај, Кина. Меѓу неговите највпечатливи креации во јавноста е надворешноста на концептот BMW 3.0 CSL Hommage од 2015 година.

>>> Kia најави седум електрични модели до 2027 година

Kia најави седум електрични модели до 2027 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Rolls-Royce Inspired by Earth

Овој Rolls-Royce го носи Арапскиот Полуостров на хаубата

kia воени возила

Ги познавате воените возила на Kia?