за

Audi e-tron добива помал брат: Q4 ќе биде и Sportback

Audi Q4 e-tron Sportback
Audi Q4 e-tron Sportback

Audi ја прикажа спортската изведба на вториот електричен СУВ во својата понуда. Познато е дека тој ќе се води како Q4, сега е познато како ќе изгледа неговата купе-изведба, вообичаено со додавката Sportback.

Електричниот СУВ-модел Audi Q4 во иднина ќе биде достапен и во верзија Sportback со покрив што се спушта како кај купе. Audi го прикажа автомобилот во форма на концепт, иако е сосем извесно дека сериската изведба на автомобилот ќе биде со идентичната форма. Единствено што ќе се промени во серискиот модел ќе бидат рачките на вратите, кои веројатно ќе бидат впуштени.

Автомобилот изгледа впечатливо, вклучувајќи неколку подрачја околу коишто ќе се спротивставуваат вкусовите. Тоа што уште се забележува е дека за автомобил од компакт класата, Q4 e-tron и неговата изведба Sportback личат мошне престижно и скапо.

СУВ-моделите од компакт класата во меѓувреме се далеку од компантни. Q4 е долг 4,60 метри, што е многу блиску до средната класа. Габаритите на каросеријата се разликуваат минимално, Q4 e-tron Sportback има помал багажаник. Покрај малите димензии на електромоторите на двете оски и тенката батерија што е вградена ниско во подот, во кабината може да се очекува голема просторна понуда.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Батеријата во топ-изведбата располага со 82 kWh, што одговара за 500 километри досег според новите норми. Вкупно ќе има на располагање три големини на батерија, во комбинација со заден или со погон на сите тркала. Врвниот модел ќе ја носи ознаката Q4 e-tron S и со погон на сите тркала ќе постигнува моќност од 306 КС. Неговиот досег ќе изнесува 450 km. Батеријата ќе се наполни од 10 до 80% на брз полнач за 30 минути.

Внатре има целосно дигитален кокпит, заедно со голем проекциски дисплеј. Испораките на Audi Q4 e-tron Sportback ќе стартуваат во следното лето, заедно со елегантно скроениот Q4 e-tron. Цената на основната моделска изведба се очекува да биде малку под 40.000 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Audi: Аеродинамичноста е важна за досегот на електричните модели

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Станица за гориво во „снежна прекривка“ среде јули

Станица за гориво во „снежна прекривка“ среде јули

BMW вчитува нов софтвер во автомобилите – преку телефон

BMW вчитува нов софтвер во автомобилите – преку телефон