за

Audi ја заврши годината со најуспешниот квартал во историјата

Инголштат испорача над половина милион возила меѓу октомври и декември, тоа е историски рекорд за Audi.

Audi ја заврши годината со најуспешниот квартал во историјата

Ефектна завршница на една од годините што имаа најнегативен ефект не само врз автомобилската бранша. Audi во последното тромесечје од минатата година постигна историски рекорд. Меѓу октомври и декември беа испорачани 505.583 возила. Тоа е првпат за три месеци да се надмине бројката од половина милион возила.

Во предизикувачката година, што донесе бројни ограничувања поради пандемијата, Audi испорача 1.692.773 автомобили на светскиот пазар, што е за 8,3 проценти под резултатот од преклани. Во Кина се одвиваше позитивен тренд, продажбата таму порасна за 5,4%, со вкупно 727.358 испораки, што исто така е рекорд.

Проширувањето на дигиталните услуги за продажба и сервисирање, марката со четирите прстени успешно одговори на предизвиците на пандемијата. Токму напредокот во дигитализацијата во продажбата и искуствата од првиот бран на корона, придонесоа Audi да ја заврши годината со најуспешниот квартал во историјата.

Audi e-tron

Audi носи и други добри вести. Марката од Инголштат е водечки премиум-производител на електрични возила, пред BMW и Mercedes. Продажбата на Audi e-tron (заедно со Audi e-tron Sportback) лани порасна за 79,5 проценти, на вкупно 47.324 возила. Во Норвешка, електричниот СУВ-модел на Audi е дури и најпродаван автомобил воопшто. Во Германија, продажбата се зголеми двојно.

Во светски рамки, Audi e-tron е најпродаван електричен автомобил во конкуренција на трите германски премиум марки

Од останатите модели, најголем раст постигнаа Audi Q3 (+18,1%) и Audi A6 (+11,8%). Посебно голем интерес имаше и за моделите со високи перформанси од Audi Sport, со повеќе од 29.300 испораки лани. Тоа е уште еден рекорд и раст од 16,1 проценти во споредба со минатата година.

Во Кина беа продадени повеќе автомобили на Audi од кога било досега. Вкупно 727.358 испорачани возила и плус од 5,4 проценти. Последниот квартал лани исто одбележа рекорд, со 214.467 испораки (+7,7%). Масивниот кинески пазар постигна посебно зголемување на продажбата на Audi Q2 (+33,8%), Audi A6 (+41,1%), Audi A7 (+142,1%) и Audi A8 (+13,8%).

Audi Q3 RS
Audi Q3 RS

Во САД беа испорачани 186.620 возила или за 16,7 проценти помалку од преклани. Кон крајот на годината сепак беше забележан растечки тренд. Не е изненадување што најмногу расте СУВ-сегментот. Уделот на овие возила изнесува 66 проценти за целата година, односно 74% за последното тромесечје. Најсилен импулс дојде од Audi Q3 (+83,9%) и Audi e-tron (+10%). Во последниот квартал, најголем раст имаа Audi Q5 (+15%) и Audi Q8 (+11%).

Во Европа, лани се продадоа за 19,5 проценти помалку или вкупно 619.723 возила од Audi. Позитивен тренд имаат Audi e-tron (+80,6%, заедно со Audi e-tron Sportback) и Audi Q7 (+6,3%). Завршницата на годината донесе 178.891 испораки меѓу октомври и декември, за 2,5 проценти повеќе од истиот период преклани. Германскиот пазар регистрираше 214.427 нови возила од Audi или за 21,1% помалку. Затоа пак, завршницата на годината и на домашниот пазар за марката донесе раст од 9,2 проценти и вкупно 61.231 испорачани возила.

>>> Седум моделски серии на Audi нудат приклучен хибриден погон

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Петта етапна победа на Toyota Gazoo на Дакар

Петта етапна победа на Toyota Gazoo на Дакар

Volkswagen Golf 8 ја отвора 2021 година со продажна кампања

Volkswagen Golf 8 ја отвора 2021 година со продажна кампања