за

Audi доби нов дизајнер

Филип Ремерс е новиот главен дизајнер за надворешноста на моделите на Audi.

филип ремерс дизајнер audi

По најавеното заминување на Андреас Минт во Bentley, Инголштат објави кој ќе биде неговиот наследник. За надворешниот дизајн на моделите на Audi во иднина ќе биде одговорен Филип Ремерс, кој во 2014 година почна да работи за Audi заедно со Минт.

Со досегашната работа на Филип Ремерс, пред неговото назначување за нов главен дизајнер за надворешноста на моделите на Audi, светот одамна е запознаен одлично. Неговиот дизајнерски потпис го носат бројни модели на Audi, меѓу нив A6, A8, A3, e-tron, e-tron GT. Сите овие автомобили беа создадени во дизајнерското студио со коешто раководеше Филип Ремерс.

Овој 41-годишен дизајнер сега добива унапредување во главен раководител за надворешниот дизајн на моделите на премиум марката на Volkswagen. Ремерс доаѓа на местото на Андреас Минт, кој од 1-ви март ќе дизајнира за Bentley.

Минт и Ремерс почнаа да работат за Audi во 2014 година, заедно со уште едно име што е задолжено за сите прашања околу дизајнот на марката со четирите прстени, со главниот дизајнер Марк Лихте. Триото претходно работеше во дизајнерското одделение на Volkswagen во Волфсбург. Тројцата воедно и студирале заедно на истиот Факултет за дизајн за транспорт во Форцхајм, Германија.

Првиот контакт со автомобилската бранша на Ремерс датира уште од ученичките денови, кога својата практична работа ја обавува во Mercedes. Во неговото времето во Volkswagen, тој меѓу другото има учествувано во дизајнот на Golf VII, Passat B8 и Touareg II.

>>> Audi, BMW, Mercedes: Продажбата класа по класа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lexus rx nx ux

Lexus со рекордно тромесечје на германскиот пазар

toyota gazoo racing дакар рели 2021 етапа 10

Солидна 10-та етапа за Toyota Gazoo на Рели Дакар