за

Април со историски најниска продажба на автомобили

Април со историски најниска продажба на автомобили
Април со историски најниска продажба на автомобили

Европскиот пазар со минус 77% и САД со минус 47%. Така покажува продажната статистика на автомобили за минатиот месец. Сите регионални пазари забележаа голем пад, но еден пазар влева надеж.

Светскиот автомобилски пазар забележа драстичен пад поради корона-пандемијата. Најммногу беа погодени државите во коишто јавното живеење беше ставено речиси во целосно мирување, со цел да се забави ширењето на корона-вирусот. Продажбата во голем број држави и региони беше запрена, додека станиците за технички преглед и регистрација на возила работеа со значително смален капацитет.

Во Европа во април се продадоа 292.200 патнички автомобили. Тоа претставува пад од 78 проценти во споредба со истиот месец лани. Петте најголеми пазари се соочуваа со масивен пад. Во Италија (-98%), Шпанија (-97%), Велика Британија (-97%) и во Франција (-89%), продажбата на автомобили се преполови. Германија имаше нешто помал пад, од 61 проценти. Во првите честири месеци, на европскиот автомобилски пазари се продадоа 3,3 милиони возила, односно за 39% помалку од истиот период лани.

Кина само два проценти во минус

Пазарот во САД во април регистрираше 707.800 лесни возила (патнички автомобили, СУВ и пикапи), што е 47% под ланскиот резултат. Последен пат се продале толку малку возила во јануари 2010 година. По сегменти, падот кај патничките автомобили изнесува 59%, додека пикапите и СУВ-моделите имаат минус од 42 проценти. По првите четири месеци, американскиот пазар е 21 проценти во минус, со 4,2 милиони продадени возила.

Кинескиот пазар, пак, во април веќе покажуваше знаци на заздравување. Пазарниот волумен е само за 2 проценти под ланскиот април, со 1,5 милион нови возила. Првпат годинава, кинескиот и воедно најголем автомобилски пазар во светот, има едноцифрен пад. Со 4,4 милиони испорачани автомобили од јануари до април, продажбата во Кина се намалила за вкупно 35 проценти во споредба со првите четири месеци лани.

Само 51.500 нови регистрации во Бразил

Во Јапонија, продажбата на нови автомобили во април достигнала 219.200 примероци – тоа се 30% помалку во споредба со лани. Од јануари до април се продадени вкупно 1,4 милион патнички автомобили, што е 14% помалку од истиот период лани.

Пандемијата остави траги и врз продажбата на патнички автомобили во Бразил. Во минатиот месец, таму биле продадени 51.500 возила или за 77% помалку од април лани. Тоа е најниска продажба во последните 20 години. Од јануари се регистрирани вкупно 585.700 лесни возила, што е за 27 проценти помалку од лани.

Kia, Toyota и Skoda со најмал пад во продажбата во март

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Cupra и Барса ги носат фановите виртуелно на стадион

Cupra и Барса ги носат фановите виртуелно на стадион

volkswagen id3 агенциска продажба Германија

Електричниот VW ID.3 во Германија ќе се продава „агенциски“