за

Осум од десет Европејци сакаат брз пробив на електричниот погон

Renault постави прашања за електромобилноста до пет илјади жители од пет европски држави. Осум од секои десет анкетирани лица се радуваат електромобилноста да напредува што е можно побрзо.

Репрезентативна студија со 5.000 учесници открива дека осум од десет Европејци сакаат брз пробив на електричните возила. Renault ја спроведе студијата во август, во Германија, Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија.

Покрај барањето за поширока понуда од електрични и хибридни автомобили, голем дел од испитаниците одговориле дека се подготвени во видно време да се префрлат на електричниот погон. Според студијата, помладите возачи имаат поголема свест за животната средина, што е главен двигател на електромобилноста.

Близу половина (46%) од испитаниците до 34 години, навеле дека се подготвени за премин на електричен погон. Точно половината би избрале хибриден погон за својот иден автомобил. Покрај тоа, 76 проценти од испитаниците ценат дека возењето електричен или хибриден автомобил е попријатно од автомобил со обичен погон.

Студијата понатаму открива дека и покрај големиот интерес за електромобилноста, главнината од испитаниците (76%) немаат практично искуство со електричниот погон. Повеќе од половината од испитаниците не знаеле дека автомобилите со приклучен хибрид поседуваат и обичен мотор.

На повеќето испитаници исто така им било непознато дека може да се програмира времето кога ќе се полни батеријата на електричните автомобили, а не знаат и дека струјата од батеријата може да се користи за напојување на потрошувачите во домот.

Уште една клучна предност за којашто не се свесни возачките и возачите се значително намалените трошоци за одржување и сервисирање, во споредба со возилата со обичен мотор.

>>> Вака изгледа електрична станица со полначи во Штутгарт

Вака изгледа електрична станица со полначи во Штутгарт

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

De Tomaso стана американска марка

De Tomaso стана американска марка

Aston-Martin-DBS-Superleggera-Majesty

Mercedes ја зајакнува соработката со Aston Martin