• за

    Благ хибриден погон во Опел Корса, за штедење и за комфор

    Замената на стартер и алтернатор со мал електромотор и мала батерија менува многу. Заедно со автоматик, Опел Корса Хибрид внесува луксуз во градското секојдневие.

    Две нови погонски изведби се издвојуваат во тековниот ценовник на Опел Корса за македонскиот пазар. Моторот од 1,2 литар е стандард во целата гама на германскиот модел, со 75 КС во основната изведба, со 100 КС со турбо натполнење, по желба со 8-степен автоматик, со 130 КС – и во двете нови изведби со 100 […]

    Повеќе

  • за

    Опел ја враќа Фронтера како мал СУВ со електричен и хибриден погон

    Фронтера е замена за Кросленд во понудата на Опел. Таа ќе биде позиционирана под спортската Мока во најголемиот сегмент на европскиот пазар.

    Малиот СУВ-модел Фронтера, наследник на Опел Кросленд, ќе биде достапен со целосно електричен и со 48-волтен благ хибриден погон Германската марка на Стелантис во вторникот ги објави првите слики од Фронтера, што прикажуваат автомобил со потрадиционална форма на СУВ отколку другиот модел на Опел во овој сегмент, купеовската и поотмена Мока. Опел не објави повеќе […]

    Повеќе

  • за

    Хибриден погон и за легендарната Тојота Хајлукс

    Пикапот на Тојота долго време остануваше „неуништлив“ и за електрификацијата, но и тој попушти: 48-волтен хибриден погон за Хајлукс.

    Голема е веројатноста дека сите произведени примероци од Тојота Хајлукс, почнувајќи од 1968 година наваму, уште се во возна состојба. Ако постои таков што долго време не е „запален“, веројатно и тој лесно ќе се врати во возна форма. Првпат во прекалениот пикап, неуништен дури и од легендарната тајфа на Топ Гир, ќе работи електромотор […]

    Повеќе

  • за

    Шпанскиот тенор Запата Тенор рекламира Kia Sportage со приклучен хибриден погон

    Во салоните на Kia нештата се сменија многу брзо. Приклучен хибриден погон во меѓувреме е достапен и во Kia Sportage, Шпанците прават голема реклама со славниот тенор Тенор.

    Прочуениот шпански тенор Запата Тенор направи чекор понапред во правец на електромобилноста. Како амбасадор на марката во Шпанија – и „колега“ на Рафа Надал – Тенор ја замени досегашната Kia Sportage 1.6 TGDI HEV GT Line 4X4, со нова верзија Sportage PHEV Tech 4X4. Откако во изминатата година ги стекна првите искуства со начинот на […]

    Повеќе

  • за

    Благ хибриден погон за Citroen C5 Aircross

    Стартер-генератор од 21 киловат му помага на Citroen C5 Aircross да заштеди 15 проценти гориво. При посебно штедливо возење се можни и 30 проценти.

    citroen c5 aircross hybrid 136

    Откако Peugeot го најави воведувањето благ хибриден погон како нова можност за избор, сега уште една марка од концернот Stellantis јавува дека ja нуди оваa не многу скапа, но делотворна техника за штедење и намалување на штетната емисија. Стартер-генераторот што е основа на благиот 48-волтен хибриден погон, му се придружува на новиот 1,2-литарски бензинец PureTech […]

    Повеќе

  • за

    Mitsubishi Outlander се враќа во Европа, во нова генерација и со хибриден погон

    Mitsubishi ја отповика одлуката да го укине Outlander во Европа и моделот од новата генерација ќе го пушти во продажба во 2024 година.

    mitsubishi outlander 2021

    Откако претходно ја исклучи Европа како регион за продажба на моделот со големото име, јапонскиот производител на автомобили Mitsibishi реши сепак да го продава новиот Outlander тука. Испораките почнуваат веќе в година. Претходната генерација на Outlander, од третото колено што дебитираше во 2012 година, беше најпродаван модел на Mitsubishi во Европа. Тоа беше воедно и […]

    Повеќе

  • за

    Петтата Toyota Prius станува спортска лимузина со хибриден погон

    Главната новина во петтата генерација на Toyota Prius се значително зајакнатите погонски единици, со спринт кус 6,7 секунди. Штедливоста на хибридот е стандардна програма.

    Toyota сврте нова страница за новата генерација на Prius, првиот хибрид од големосериско производство во историјата. Prius е синоним за ниски трошоци и мало влиојание врз животната средина. Новата генерација не донесува спектакуларно пониски вредности за потрошувачката, но затоа новиот автомобил е драстично побрз. На новиот Prius му се познава дека следи сосем различна замисла […]

    Повеќе

  • за

    Suzuki Vitara Strong Hybrid · Колку менува брзото возење кај хибриден погон?

    Добри вести за хибридниот погон. Тука уште има многу забава, заедно со штедење како придружна појава од тоа. Со хибридната Suzuki Vitara двапати извозевме иста рута, еднаш брзо, еднаш бавно.

    Suzuki умешно комбинира бензин и струја веќе подолго време. Во 2016 година, Baleno воведе благ хибриден погон SHVS, во време кога браншата уште веруваше дека електрификацијата е само минлив тренд. Во меѓувреме, Suzuki Vitara почна да вози со полн хибриден погон, којшто сепак не е резултат од партнерството со Toyota, туку е сопствено дело на […]

    Повеќе

  • за

    Suzuki Vitara и S-Cross со целосно хибриден погон со 115 КС

    Новиот S-Cross ѝ се придружува на Suzuki Vitara, како втор модел што е достапен со целосно хибриден погон, со бензинец од 1,5 литар и електромотор со 33 КС.

    Најновиот модел на Suzuki, семејниот СУВ со докажаното име S-Cross, од почетокот на продажбата се нуди со 48-волтен благ хибриден погон, којшто е подостапен од класичниот хибрид, но пак е делотворен во заштедата на гориво. Новата погонска варијанта е уште поделотворна. Suzuki S-Cross наскоро стартува со 1,5-литарец и електромотор што може и самостојно да го […]

    Повеќе

  • за

    Mazda стартуваше со производство на CX-60, прв со приклучен хибриден погон

    Корпорацијата Mazda со свеченост го одбележа почетокот на производството на новиот кросовер СУВ-модел CX-60. Тоа е најважниот модел за марката во последните десет години.

    Mazda стартуваше со производство на CX-60, прв со приклучен хибриден погон

    Mazda го означи почетокот на производството на новиот модел, којшто е од стратешко значење, како прв модел со приклучен хибриден погон, односно со можност за полнење на батеријата. Првиот брод натоварен со Mazda CX-60 за Европа веќе е појден. Стотина вработени во производството, во фабриката на Mazda во Хофу, но и во фабриките на добавувачите, […]

    Повеќе

  • за

    Suzuki Vitara добива полн хибриден погон со 115 КС

    Suzuki одамна го најавува полниот хибриден погон во Vitara. Kој очекуваше 100% пресаден погон од Toyota, сега ќе се увери дека Suzuki секогаш е за оригиналност.

    Полн хибриден погон доаѓа во Suzuki Vitara. Начинот на работа го познаваме од нејзиниот партнер и пионер на хибридниот погон Toyota, но очигледно е дека главнината од погонската техника потекнува од Suzuki. Јапонскиот специјалист за терен и за градски автомобили Suzuki беше меѓу првите производители што целосно го исклучи дизелот од своите автомобили, а меѓу […]

    Повеќе

  • за

    Сите модели на Jeep се достапни со хибриден погон во Аутомобиле СК

    Ако на Jeep пишува 4xe, тогаш значи дека во возилото работи приклучен хибриден погон. Македонскиот увозник ги нуди сите модели на Jeep во изведба 4xe.

    Комплетно новата електрифицирана гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid е достапна и во салоните на Jeep во Македонија. Со 4xe Plug-in Hybrid технологијата, Jeep Wrangler, Compass и Renegade 4xe се пионери во зелената еволуција на марката со 80-годишно искуство и лидерство. Моделите од новата гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid се поврзани, електрифицирани, забавни за возење и […]

    Повеќе

Вчитај повеќе
Честито. Го досегнавте крајот на интернетот.