147
23 shares, 147 points

Електричните автомобили се тивки и тоа ги прави опасни за пешаците и велосипедистите. Поради тоа, новите модели во ЕУ од летово мораат вештачки да произведуваат звук

Некои луѓе ги распознаваат автомобилските марки според звукот на моторите. Тоа не е случајно, затоа што производителите меѓу другото го „дизајнираат“ и звукот на моторот, правејќи го препознатлив за марката. Не треба да изненадува тоа што звукот се дотерува во тонско студио, небаре е музичка композиција.

Сето тоа беше в ред додека не се појавија електричните автомобили. Тие се речиси безшумни. Со губењето на звукот се губи и важен дел од карактерот на автомобилот. Но, постои поголем проблем. Пешаците не ги слушаат електричните автомобили и тоа е опасно.

Од летово, вградувањето на генератор на звук е задолжително за сите нови модели на електрични и хибридни автомобили, кои штотуку почнуваат со продажба на пазарот во ЕУ. Од следниот јули, генераторот на звук ќе биде задолжителен за сите новорегистрирани автомобили. Тој произведува карактеристичен звук при брзина под 20 km/h и треба да ги предупредува пешаците. Властите веќе понудија предлог за звукот на електричните автомобили и истиот можете да го слушнете тука .

Звукот мора да биде сличен со звукот на мотор со внатрешно согорување

Таков пропис постои веќе една година во САД, со таа разлика што брзината до којашто автомобилот треба да произведува вештачки звук изнесува 30 km/h. При побрзо возење е доволен звукот што го произведуваат гумите.

Производителите сепак не можат да создаваат звук каков што сакаат. Тој мора да биде сличен со звукот на мотор со внатрешно согорување. Добрата вест е тоа што секој производител може да се ориентира според сопствените мотори.

Втор услов е звукот да ја оддава состојбата во возење. При поаѓање и забрзување, звукот станува повисок, додека при сопирање, тонот станува подлабок. Човечкото уво е навикнато да ги толкува овие звуци.

Парадоксот на електричните возила: Индустријата со децении се трудеше да ги направи моторите потивки, сега сосила се прави електричните возила да произведуваат звуци

Силината на звукот исто така е пропишана. Таа може да се спореди со звукот што продира надвор, кога има силно пуштена музика во кабината. При затворени прозорци, секако. Тоа е доволно да ги предупреди пешаците, но и доволно е потивко од обичните мотори.

Производителите на автомобили сигурно нема само да го снимат звукот на своите мотори со внатрешно согорување и да го пуштаат од звучник. Напротив, оваа шанса ќе се користи за електричните автомобили да се издвојуваат во уличната „музика“. Во BMW на пример, се размислува да се развие еден основен тон, којшто потоа ќе варира од модел до модел, зависно од тоа дали станува збор за i3 или за М8.

Вештачкиот звук на електричните автомобили може повторно да исчезне по неколку години. Системите за автономно возење напредуваат, голем број возила веќе запираат самостојно при опасност од контакт со пешак. Техниката продолжува да се усовршува, меѓу другото и со функција којашто ќе активира акустичен сигнал во случај на опасност.

Но, можеби новиот звук на електричните автомобили воопшто не е толку лош.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
23 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743