за

Скопје доби шестметарска ѕвезда на Mercedes

Mercedes ѕвезда Мак Аутостар

Македонската метропола денес стана побогата со уште една атракција. Џиновска ѕвезда на Mercedes е поставена на покривот на новиот деловен центар „Премиум“, кој се наоѓа пред салонот на Mercedes, веднаш по мостот „Близнаци“

Карактеристичниот симбол на Mercedes е поставен од страна на компанијата, офијален претставник на Mercedes-Benz во Македонија, Мак Аутостар, којашто е воедно е и инвеститор на зградата на која се поставува овој знак.

Поради сложененоста на изведбата, изработена е посебна конструкција на покривот на зградата. Инаку, зградата претставува прв премиум деловен центар, каде компаниите ќе може да изнајмат простор за работа и истиот нуди извонредни работни услови и е прв од ваков тип во нашава земја, граден според високи светски стандарди кои овозможуваат премиум услови во работната средина.

Ѕвездата е транспортирана во делови, а процесот на составување кој се одвиваше на самото место, заедно со процесот на поставување се изврши за рекордно кусо време од само два дена.

Огромниот знак на Mercedes предзвикува восхит како исклучителен инженерски потфат да се произведе, транспортира и постави на врв на некоја зграда и истиот непречено да се врти и свети во секакви временски услови со децении. Така на пример, ваков знак е поставен на познатата зграда во Берлин, „Европа Центар“,кој непречено се врти 50-тина години.

Ѕвездата на Mercedes е поставена и во Штутгарт, Минхен, Пекинг и неколку други градови во светот, а во Скопје, е единствена од ваков вид во регионов, која исто така се ротира, има дијаметар од 6 метри и тежи дури 10 тони. Поради својата големина, овие знаци се видливи со километри оддалеченост, а како ќе биде во Скопје, останува допрва да се види.

Инаку, трикраката ѕвезда на Mercedes датира уште од далечната 1910 година, знак кој ја симболизирал употребата на моторите на Даимлер на земја, вода и воздух. Првично било предвидено ѕвездата да има 4 краци, но денес овој симбол го користи Европската компанија за воздушна одбрана и вселенски истражувања EADS.

[FAG id=33188]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lamborghini urus

Lamborghini Urus со „помошен електромотор“ пристига наскоро

купето од серијата 8 на BMW

Ова се конкурентите на серијата 8 на BMW