за

Златниот волан на Ауто Билд за Tesla Model 3

Златниот волан на Ауто Билд за Tesla Model 3
Златниот волан на Ауто Билд за Tesla Model 3

Електрични автомобили им конкурираа на обичните автомобили во сите класи во изборот на Ауто Билд. Севкупен победник во годинешниот избор е Tesla Model 3. Илон Маск ја искористи пригодата да најави фабрика за електричните автомобили на Tesla во близина на Берлин.

Европските изданија на Ауто Билд и најголемиот германски неделник, Билд ам Зонтаг, по 43-ти пат ги одликуваа најдобрите автомобилски новитети и достигнувања годинава. Првиот избор го одржа издавачот Аксел Шпрингер во 1976 година и истиот во меѓувреме прерасна во најважно одликување во автомобилската бранша во Европа. Доделувањето на наградите се одржа на голема свеченост, во присуство на 200 највисоки претставници од автомобилската бранша и личности од јавната сфера, медиумите и политиката.

Том Дрекслер, главен уредник на групацијата Ауто Билд: „Кога се доделуваше Златниот волан на 9-ти ноември 1989 година, падна берлинскиот ѕид. Тоа бепе достигнување на човечката потреба за слобода и за индивидуално движење без ограничувања. Триесет години подоцна уште важи дека за слободата е потребна мобилност, исто како што мобилноста е потребна за слободата, но е потребна и решителност, исто како одговорност. Знаеме дека мобилноста ќе се менува: Начинот на којшто возиме и што возиме.

Шефот на Тesla, Илон Маск, лично го презеде трофејниот „Златен волан“ за Tesla Model 3 и при доделувањето најави дека европската „Гигафабрика“ на Tesla ќе се гради во влизина на новиот берлински аеродром БЕР.

Изборот не се одржа лани, поради дискусијата околу манипулациите со издувните гасови. Во меѓувреме се воведени нови класи за тестирање и нови критериуми за оценување. Во изборот за „Златен волан за 2019 година“ електричните автомобили првпат не се оценуваат посебно, туку директно им конкурираат на останатите новитети во одделните класи. При оценувањето се земаат предвид вредностите за потрошувачката на гориво според построги критериуми за мерење, а поголем удел во крајната оцена добиваат и влијанието врз животната средина и цената.

Сите добитници на Златен волан за 2019 година

  • Малечки автомобили: AUDI A1 Sportback
  • Компакт класа: BMW серија 1
  • Средна / Виша класа: Tesla Model 3 (E-Auto)
  • Малечки СУВ: Mazda CX-30
  • Средни СУВ: Jaguar I-Pace (E-Auto)
  • Големи СУВ: Audi e-tron (E-Auto)
  • Спортски автомобили: Toyota Supra
  • Најубав автомобил: BMW серија 8
  • Најдобар автомобил под 25.000 евра: Skoda Kamiq
  • Најдобар автомобил под 35.000 евра: Kia XCeed
  • Најдобра иновација: Безвоздушна гума на Michelin

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lada granta-cross

Секој петти нов автомобил во Русија е Lada

По најубавите есенски тури низ Македонија со Lexus UX

По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX