за

Поради дизел скандалот: Златен волан нема да се доделува годинава

златен волан

Најценетата награда во автомобилската бранша во Европа нема да се доделува годинава. Поради темната сенка што ја остави дизел скандалот, жирито реши да не ги одликува производителите со Златен волан

Повеќе од четири децении, производителите на автомобили и публиката во Европа очекуваат магазинот Ауто Билд и германскиот неделник Билд ам Зонтаг да ги доделат наградите за најдобрите и највпечатливите достигнувања во браншата. Водечкиот магазин за автомобили во Европа уште од 1976 година ја доделува наградата Златен волан, заедно со неделникот Билд ам Зонтаг.

Како причина за овој чекор, од издавачката куќа Аксел Шпрингер ги наведуваат последните случувања околу мамењето со издувните гасови. Издавачот цени дека делови од автомобилската бранша и натаму се наоѓаат во неопходната трансформација, којашто спротивно од очекувањата уште е далеку од завршницата. „Во интерес на нашите читателки и читатели, годинава не можеме со новинарска веродостојност да доделуваме награда за најдобрите автомобилски новитети,“ се наведува во соопштението од издавачот на Ауто Билд.

Главниот уредник на магазинот, Том Дрекслер: „Да нема двоумење: Ние ги сакаме автомобилите. Луѓето кои нив ги произведуваат, купуваат и возат се наши клиенти, наши читатели. Но, сега не е време да се доделуват награди и да се прославува.“ Како што понатаму посочува Дрекслер, прескокнувањето на доделувањето на наградата Златен волан во 2018 година дава јасен знак и на погодените производители им дава време да ги најдат вистинските одговори во темелни структурни промени.

Лани титулата Златен волан ја освоија:

Opel Ampera e, во компакт класата
Skoda Karoq, во класата на компактни СУВ модели
Audi Q5, во класата на големи СУВ модели
Volkswagen Arteon, во средната и вишата класа
Porsche Panamera Sport Turismo, во класата на спортски автомобили
Aston Martin DB11, како најубав автомобил

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nissan celik 980 mpa

Nissan ќе користи суперцврст челик за новите модели

ford robotski avtomobili hrana

Ford испорачува храна со роботски автомобили во Мајами