за

Читатели на АУТО БИЛД КЛАСИК избираа олдтајмер на годината

АУТО БИЛД КЛАСИК класичари на годината 2018

Според гласовите на читателите, Mercedes, Porsche и Opel ги имаат најпопуларните олдтајмери годинава. Редакцијата на АУТО БИЛД КЛАСИК посебно избираше и олдтајмери на иднината

Изданието за олдтајмери на германскиот магазин АУТО БИЛД синоќа ги одликуваше најпопуларните олдтајмери со наградата Златен класичар 2018. Свеченоста се одржа во присуство на 200 гости во музејот на Mercedes во Штутгарт. Редакцијата на АУТО БИЛД КЛАСИК претходно номинираше по десет олдтајмери и јангтајмери во пет категории. Вообичаено за највлијателниот магазин во Европа, гласовите од читателите решаваа околу исходот од гласањето. Последниот примерок на магазинот е продаден во 98.141 примероци.

Ауто билд класик

Редакцијата на посестринското издание на АУТО БИЛД посебно избираше во четири категории: Иновација на годината се резервните делови за Porsche, изработени со 3D-печатење; Откритие на годината е единствениот примерок на BMW со мотор со механички компресор, којшто во 1930-те години учествувал на осум трки; Реставрација на годината е 57-от произведен примерок од Porsche 901/911; Како личност на годината постхумно е одликуван актерот и тркач Зигфрид Раух, познат по ликот на ривал на Стив Меквин во култниот филм „Леман“.

Porsche 911 Nr57
Специјализираното одделение на Porsche годинава ја комплетираше реставрацијата на 57-от сериски примерок од 901/911

Класичар на годината во категоријата градски и компакт автомобили е Opel Corsa A GSi, којашто годинава навршува 30 години. Кај лимузините победи Mercedes /8 од 1968 година. Најдобро спортски возило е Opel GT (1968), најдобар кабриолет е 70-годишната пра-верзијата на Porsche 356. Исто толку години има и Unimog 70200, кој победи кај теренците.

Во категоријата Класичар на иднината се избираат штотуку претставените моделски новитети, коишто имаат големи изгледи да станат популарни класичари по 20 години. По десет кандидати беа кандидирани и во оваа категорија. За читателите на АУТО БИЛД КЛАСИК, најмногу возачко уживање нуди Porsche 911 GT3 RS, најмногу привлекува дизајнот на Aston Martin DB11 Volante, додека напредната технологија е ресор на McLaren Senna.

Победниците на Златен класичар 2018

Лого на АУТО БИЛД КЛАСИК, Златни класичари

Класичар на годината:

• Градски автомобили и компакти: Opel Corsa A GSi (1988)
• Лимузини: Mercedes/8 W114/115 (1968)
• Спортски возила и купеа: Opel GT (1968)
• Кабриолети и родстери: Porsche 356 Cabriolet (1948)
• Теренски возила: Unimog 70200 (1948)

Класичар на иднината:

• Технологија: McLaren Senna
• Возачко уживање: Porsche 911 GT3 RS
• Дизајн: Aston Martin DB11 Volante

АУТО БИЛД КЛАСИК со комплетната објава за доделувањето на наградите излегува од печат на 16-ти ноември во Германија. Љубителите на олдтајмери, вообичаено можат да ги најдат оригиналните изданија на АУТО БИЛД и на посестринските магазини во специјализираната продавница за странски печат Свет, до „Мат“ во Градски ѕид, со незначително доцнење по излегувањето од печат.

Ова е најстарата 911-ка во сопственост на Porsche

Олдтајмерите во Германија во подобра состојба и од поновите автомобили

Opel GT спортуваше уште пред Manta и Calibra

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW prodazba septemvri i3

BMW продаде над 300.000 хибриди и електромобили

mercedes g-class, Финска

Фотограф и режисер единаесет денови „ловат“ сцени со G-Class во Финска