за

Златни автомобили не ѝ се допаѓаат на полицијата во Диселдорф

bmw x5 златно полиција германија
bmw x5 златно полиција германија

Како и секоја друга сообраќајна полиција во светот, така и полицијата во германскиот град Диселдорф врши редовни контроли. Во саботата во периодот меѓу 12.45 и 18.45 часот биле запрени 38 возила и контролирани 70 патници. Притоа се одземени четири автомобили и еден мотоцикл Harley Davidson, кои понатаму се предадени на стручно вештачење. Меѓу нив се најде и еден „златен“ автомобил.

Вниманието на полициските службеници најмногу го привлекол BMW X5 обложен со фолија во златна боја, со хром-ефект. Проблемот со престижниот СУВ бил во тоа што предизвикувал заслепувачки отсјај при гледање од одреден агол. Возилото дополнително поседувало задни светла затемнети со ласер, како и преправен издувен систем.

Возачот на автомобилот, 30-годишник од Косово, пред полицијата се оправдувал дека воопшто не бил запознаен со ограничувањата во поглед на преправките што смее да се вршат на возилото. Полициските службенички и службеници изрекле 17 мандатни казни и напишале 25 прекршочни пријави. Вкупната висина на паричните казни изнесува 4.160 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ниското сонце на хоризонтот носи голема опасност при возење

Ниското сонце на хоризонтот носи голема опасност при возење

Volvo поканува на викенд на отворени врати, има и премиера на S60

Volvo поканува на викенд на отворени врати, има и премиера на S60