за

ZF произведе 20 милиони сопирачки клешти во Кина

ZF произведе 20 милиони сопирачки клешти во Кина
ZF произведе 20 милиони сопирачки клешти во Кина

Фабриката на ZF во Чжанцзаган во Кина ги произведе 20-милионитите сопирачки клешти. Ова постигнување следи по четири и пол години откако започна производството.

Повеќе од 85 проценти од продукцијата на сопирачки клешти во фабриката се испорачуваат за клиенти во Кина, додека остатокот се извезува. Неодамна на посебно поставена производствена лента почна и изработка на заштитни маски.

Фабриката за сопирачки Чжанцзаган произведува главно електрични паркирни сопирачки. Станува збор за сопирачки клешти што дополнително поседуваат електромотор, кој ја активира паркирната сопирачка. Системот се контролира електронски и се состои од прекинувач, сопирачка клешта и електронска контролна единица. Со електричната паркирна сопирачка се смалува тежината, се овозможува примена на технологијата Brake-by-wire, како и користење на напредни безбедносни функции.

Изградбата на фабриката на германскиот специјалист ZF во Кина започна во 2014 година. Можноста за грешката при целата продукција изнесува помалку од 0,35 дел од еден милион произведени делови.

Електрична паркирна сопирачка отсега и во малите автомобили

Електрична паркирна сопирачка отсега и во малите автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes стартува со домашна испорака на автомобили

Mercedes стартува со домашна испорака на автомобили

Skoda без прекин испорачува резервни делови за цел свет

Skoda без прекин испорачува резервни делови за цел свет