за

Женева ќе ги лови прегласните автомобили со „радари“

гласни автомобили издув

Швајцарскиот град покрај езерото Леман планира во иднина да ги снима брзите возачи, но и оние со прегласни автомобили. Моментно се развива специјален радар за врева.

Парламентот на Женева ги разгледува можностите за казнување за автомобилите што се прегласни. Посебно за таа цел се развива уред што ќе мери колку се гласни возилата што минуваат, како еден вид радар за врева. Во случај кога некој автомобил е премногу гласен, уредот автоматски го фотографира возилото, односно регистерската таблица и лицето што вози.

Вревата од возилата е втор најтежок степен на „загадување“ на животната средина

Сообраќајната врева е втора најтежок степен на оптоварување на животната средина, по загадувањето на воздухот. Шест од десет жители на Женева се изложени на врева, што може да предизвика срцеби заболувања и дијабетес. Уставот на кантонот Женева им гарантира здрава животна средина на жителите.

Развојот на „радарот за врева“ ќе трае меѓу две до четири години, а неговата цена ќе биде иста со обичниот радар. Техничарите се соочуваат со предизвик, затоа што радарот мора точно да одреди од кое возило доаѓа преголемата врева.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

кампување европа цени

Најскапа земја за кампување годинава е Италија

Aston Martin DBS 59

Aston Martin DBS 59 за победата на Леман пред 60 години