162
21 shares, 162 points

Од вторник, 28-ми април, за германските возачки и возачи ќе важат нови сообраќајни правила. За непочитување се предвидени повисоки парични казни, многу внимание се посветува во заштитата на велосипедистите.

Сојузниот совет на Германија ги изгласа новите сообраќајни закони во средината на февруари. Новите закони за возачките и возачите ќе важат од 28-ми април. Казните се значително зголемени, а забрана за управување сега се изрекува и за помали пречекорувања на дозволената брзина.

Главната цел на новиот закон за сообраќај е да се зголеми безбедноста. Многу повисоки казни ќе се плаќаат за пречекорување на брзината. Во иднина ќе се изрекува едномесечна забрана за возење веќе при надминување на брзината за 21 km/h во град и за 26 km/h на отворено. За помалите пречекорувања ќе се плаќа двојно повисока казна отколку досега. Казнен бод ќе се впишува веќе при возење со 16 km/h над дозволеното.

Повисоки казни ќе се плаќаат и за погрешно паркирање. Најстрого се санкционира паркирањето во втор ред, на заштитни површини, како и на тротоар и велосипедска патека. Казните може да достигнат 100 евра. За неоставање простор за минување на амбулантно, противпожарно или полициско возило ќе се плаќа 200 евра казна и ќе се впишуваат два негативни поени.

Престигнување велосипедист само на растојание од 1,5 метар, во одредени случаи и забрана за престигнување

Важен дел од новиот закон за сообраќај е заштитата на велосипедистите. Во иднина ќе се формираат велосипедски зони, во коишто ќе се дозволуваат само велосипеди. Покрај тоа, возачите на автомобили во иднина ќе мора да одржуваат минимално растојание од велосипедистите, пешаците и електро-скутерџиите. Растојанието изнесува 1,5 метар во град и 2,0 метри на отворен пат.

Богота ги пушти велосипедите по улица, се избегнува јавниот превоз

Со цел да се избегнат незгоди, возилата потешки од 3,5 тони во иднина ќе мора да се движат со пешачка брзина при скршнување в десно. Предвидени се и нови сообраќајни знаци, со забрана за престигнување на возила со две тркала, како и псоебно регулирање на сообраќајот за велосипедисти со дополнителна зелена стрелка.

Италија ќе субвенционира купување велосипеди и тротинети


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

162
21 shares, 162 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *