197
93 shares, 197 points

Забрани за сообраќај моментно постојат во 15 држави во ЕУ. Некои држави веќе поднесуваат и тужби против надлежните институции, поради непреземањето делотворни мерки за намалување на загаденоста на воздухот. Источна Европа во меѓувреме протестира се’ погласно против извозот на дизели од Германија, кои имаат особено штетна емисија на ПМ и азотни оксиди.

Расте бројот на држави во ЕУ кои преземаат конкретни мерки против загадувањето на воздухот со штетни материи, како неразградливи честички и азотен диоксид. Во Будимпешта и во регионот на чешкиот град Острава се поснесени тужби за „Чист воздух“. Повеќе влади и здруженија за животна средина во Источна Европа бараат забранување на увозот на возила со дизел мотор со лош квалитет на издувните гасови, односно без соодветни преправки со коишто се спречува прекумерна емисија на штетни материи.

Здруженијата во државите во ЕУ кои соработуваат во подрачјето на зачувувањето на чистотата на воздухот, веќе неколку години поднесуваат судски тужби. Моментно дури 15 европски земји преземаат делотворни мерки против нечистите дизел возила и останатите извори на штетни материи.

Фамозните дизели со манипулиран софтвер од повеќето автомобилски марки пристигаат непречено во регионот на Источна Европа; Во Македонија, особено

Особено во Источна Европа расте незадоволството од увозот на возила со дизел мотор, кои поради недозволените уреди што прикажуваат лажно ниска емисија на штетни материи при проверка на пробни валци и поради високата емисија на азотни оксиди буквално се протеруваат од европските држави со понапредни стандарди на заштита на животната средина – меѓу другото и Германија.

Коментар: Кој тоа профитира од загадениот воздух?

Најактивните здруженија за заштита на животната средина ги повикуваат производителите да ги извршат потребните „хардверски“ преправки на погодените возила на сопствен трошок. На тој начин барем би се спречил извозот на нечисти дизели во Источна Европа, односно би се спречиле еколошките катастрофи кои ги предизвикува сообраќајот на овие возила во регионот.

Автоиндустријата презема исти очајнички обиди како тутунската индустрија, кога се воведуваа забрани за пушење во јавни објекти

Автомобилската индустрија, особено германската, моментно се обидува да ја прикрие вистината со кампањи од типот „штетните материи во воздухот се безопасни“. Таков беше последниот случај со потписите на стотина пулмолози, кои се залагаа за драстично подигнување на дозволените граници за штетните материи. На крајот се покажа дека стотината потпишани пулмолози се само безначаен дел од германската асоцијација на пулмолози, којашто брои повеќе од 4.000 членови. Тоа ги потсеќа критичарите на завршната фаза од борбата против тутунската индустрија, кога се воведуваа првите забрани за пушење во јавни објекти и локали.

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Во Унгарија, кон крајот на ноември 2018 година беше поднесена тужба на Акциската група за чист воздух, којашто се повикува на трајното пречекорување на просечната годишна вредност на азотен диоксид од 40 микрограми на метар кубен, како и на пречекорувањето на дозволената вредност за неразградливи честички (ПМ) во Будимпешта. Просечната вредност во градот во 2017 година изнесувала 46 микрограми NO2 на метар кубен. Дополнително, просечната дневна вредност за неразградливи честички (ПМ10) била над дозволената вредност во 46 денови во годината, иако според директивите на ЕУ се дозволени само 35 дневни пречекорувања.

ClientEarth е меѓународната правна организација којашто ги подржува здруженијата во борбата за чист воздух

Меѓународната правна организација од подрачјето на животната средина ClientEarth ги подржува здруженијата во Европа во нивната борба за чист воздух. Уго Тадеј, адвокат во организацијата, коментира: „Будимпешта е еден од десетината градови во Европа, во коишто применуваме правни средстрва, заради подобрување на квалитетот на воздухот. Ние и останатите организации поднесуваме тужби, бидејќи сме убедени дека секој има право на чист воздух. Нашата практика се покажува делотворна: Одговорните во големите градови преземаат мерки против загадувањето на воздухот – почнувајќи од преправки во возилата од јавниот превоз, до забрани за старите и нечисти возила во одредени подрачја од градот. Овие мерки се неопходни заради заштита на здравјето на луѓето од нечистиот воздух. Тие требаше да се преземат уште пред девет години, кога стапи на сила граничната вредност за NO2.

Car industry may have conspired to prevent people from breathing clean air

Здружението Френк Бојд, во декември 2018 поднесе тужба против Министерството за животна средина на Чешка, заедно со жителите во регионот на Острава, кои трпат последици врз здравјето. Целта е да се избори правото на чист воздух во градовите Радванице и Бартовице. Во овие градови се измерени највисоки концентрации на неразградливи честички и канцерогени бензопирени во цела Чешка. И покрај тоа, регионалните власти и министерството за животна средина досега немаат активирано делотворни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

„Плановите содржат неодредени мерки, чиешпто влијание ниту може да се оцени, ниту измери“

Кристина Сабова, адвокатка на здружението Франк Болд, коментира: „Повеќето чешки планови за зачувување на чистотата на воздухот содржат само неодредени мерки, чиешто влијание ниту може да се оцени, ниту измери. Потребни ни се ефикасни мерки, за загадувањето на воздухот да се намали колку е можно поскоро и да се заштити здравјето на луѓето.“

Каква ни беше автомобилската 2018 година: Препишано, неразбрано

Причина за енормната загаденост со NO2 се првенствено дизел возилата без ефикасно пречистување на издувните гасови. Само во 2017 година, според европската асоцијација за транспорт и животна средина, во Источна Евриопа се извезени неколку стотици илјади користени возила со дизел мотор, кои имаат екстремно пречекорување на дозволената емисија на азотни оксиди.

За извозот на автомобилите со издув според Euro 4 и Euro 5, кои имаат особено висока емисија на азотни оксиди, германското здружение за заштита на животната средина бара производителите да ги преземат хардверските преравки на возилата на сопствен трошок. Според здружението, премиите за замена на старите дизели со нови возила коишто ги нудат производителите само го поттикнуваат извозот надвор од ЕУ на овие возила, што се стари само неколку години, но имаат екстремно висока емисија, особено во поглед на азотните оксиди.

ЕУ-комесарката за индустрија Елжбиета Биенковска бара закон кој ќе го забрани извозот на стари автомобили со нефункционално пречистување на издувните гасови, без претходно да се извршат неопходните преправки

„Дизел-концерните не треба да ги извезуваат откупените и нечисти автомобили со дизел мотор, без поправка на нефункционалните катализатори. Властите во Полска, Чешка, Словенија, како и ЕУ-комесарката за индустрија Елжбиета Биенковска, со право протестираат за тоа што овие возила сега ги загадуваат нивните градови и граѓани со екстремно високи вредности на NO2. Сите луѓе имаат право на чист воздух,“ категорична е Дороти Зар од германското здружение.

Норвешката престолнина Осло комплетно го преуредува Центарот и ги отстранува сите паркиралишта во радиус од 800 метри, со цел драстично да се смали бројот на возила. Наплатата на патарина за пристап во заштитеното подрачје ќе се користи за финансирање на проширувањето на мрежата од велосипедски патеки и на јавниот превоз.

Во Лондон, на 8-ми април годинава ќе стапи во сила новата „Зона со ултра ниска емисија“. Во неа ќе биде забранет пристап за сите автомобили со дизел мотор, кои имаат норма послаба од Euro 6 и за сите автомобили со бензински мотор, со норма под Euro 4. Години наназад во центарот на Лондон се наплаќа влезот со возило, во зависност од количината на штетни материи на истото.

Германските статистики за загадувањето од возилата никого не мамат

Коментар: Кој тоа профитира од загадениот воздух?

Штутгарт активира аларм за аерозагаденост, Скопје гради автопатишта

Најголемата загаденост со издувни гасови е во кабината на автомобилот

ЕУ ќе тужи девет држави поради загаден воздух

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Дизелите чмајат на германските плацеви, ни претстои ли нова инвазија загадувачи?

Увозот на користени автомобили пораснал за 36 проценти


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

197
93 shares, 197 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format