Екологија

Загадениот воздух го загрозува туризмот во Бангкок

Дваесет милиони туристи нема да се израдуваат кога по улиците ќе видат луѓе со маски

Жителите на тајландската престолнина повеќе не излегуваат без маска на улица. Бангкок веќе неколку недели е меѓу најзагадените градови со ситни честички во светот. Туристичката бранша стравува за својот бизнис, на аптеките и уличните продавачи им цвета работата.

Кој го има посетено Бангкок, знае дека луѓето се носат мошне екстравагантно по улиците на тајландската престолнина. Но, трендот за актуелната сезона нема врска со модата, туку со здравјето. Во азиската метропола се носат заштитни маски. Секако дека и туристите веќе почнуваат да ја следат „модата“, што не е најпријатно на температури над 35 степени Целзиусови.

Високата загаденост на воздухот досега беше невообичаена за Бангкок со неговите официјални шест милиони жители. Градот им се придружи на останатите азиски метрополи со алармантни вредности на аерозагаденоста, односно на Пекинг, Делхи, Манила и Хонгконг. Од крајот на јануари, концентрацијата на ситни честички во градот не се симнува под сто микрограми на метар кубен. Оваа вредност се смета како умерена загаденост во Тајланд, додека во Европа веќе одамна ќе беа изречени забрани за сообраќај.

Градот ги презема мерките што ги препорачува Светската здравствена организација, односно на граѓаните им се советува да избегнуваат спортски активности на отворено, додека на децата и на луѓето со дишни или срцеви заболувања им се препорачува да останат во домовите.

Заштитни маски се носат масовно, жителите само ги ублажуваат проблемите кои загадениот воздух им ги предизвикува со постојаната воспаленост на грлото и со затнат нос

Според властите, временските услови се виновни за аерозагаденоста да достигне алармантни вредности во последните недели. Министерството за животна средина дури смета дека невреме го донело нечистиот воздух од соседните држави и дека проблемот наскоро ќе се разреши сам.

Но, нема подобрување. Дури сега се посочува кон сообраќајот во градот, со десет милиони автомобили, од коишто најголемиот дел се стари, како и на милиони мопеди и илјадници автобуси. Еколозите бараат долготрајно решение, коешто нема да зависи од актуелните воздушни струи.

Голема загриженост постои во туристичката бранша, којашто стравува дека уличната слика со маскирани луѓе по улиците ќе ги преплаши туристите. Бангкок има дваесет милиони туристи годишно и се вбројува меѓу најпосетените градови во светот. Секако дека некој профитира во оваа ситуација. Аптеките и дрогериите ги распродадоа сите залихи од маски, а во меѓувреме се појавија и улични препродавачи, кои маските ги нудат по повисока цена.

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Брисел ги исклучува дизелите со Еуро 1 и Еуро 0

Ова се најеколошките (и најевтини) автомобили на македонскиот пазар

Mercedes вложува 100 милиони евра во фабрика за батерии во Тајланд

Tags

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730