181
27 shares, 181 points

Германските возачи на автомобили со дизел мотор, чијашто емисија не ја исполнува последната норма Еуро 6, веќе со месеци живеат во неизвесност поради најавените забрани за сообраќај. ЕУ повеќе пати ја предупредуваше Германија дека заостанува зад останатите членки во примената на мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во градовите. Доколку во скоро време не се испланираат соодветни мерки и не се покаже нивната делотворност, земјата ќе мора да плаќа високи казни. Истото се однесува на уште осум членки на Унијата.

Забраната за сообраќај за возила со дизел мотор со норма под Еуро 6 во германските градови е едно од решенијата што се предлагаат за брзо и ефикасно надминување на проблемот. Последиците се далекусежни. Огромен дел од вработените што пристигаат од други градови ќе мораат да изнаоѓаат соодветно решение за превозот. Не е безначајно и тоа што цените на старите возила со дизел мотор ќе се намалат драстично.

Германските функционери со „стари“ лимузини ќе имаат забрана за пристап во Штутгарт или Хамбург

Но, досега никој не ги спомна возилата на владините служби. Доколку се воведе забрана за сообраќај, околу триесетина возила со норма на издувни гасови до Еуро 5 ќе мора да мируваат. Централното јадро на Штутгарт и неколку улици во најзагадениот дел во Хамбург ќе бидат недостапни за овие возила од државниот возен парк.

Секако дека замената на возилата со нови и почисти е „најмал проблем“, но ситуацијата е апсурдна, затоа што граѓаните не можат толку лесно да ги заменат своите возила со нови.

Возниот парк моментно се состои од 172 автомобили со дизел мотор според норма Еуро 6, потоа од 117 возила со електричен погон и 28 автомобили со дизел мотор со норма меѓу Еуро 3 и Еуро 5. Високата застапеност на електричните автомобили во возниот парк на германските политичари е само привидна. Од 117 возила, само 29 користат само погон на батерии, додека останатите се плагин-хибриди, што значи дека на струја можат да изминат најмногу трисетина километри – доколку шоферите не мораат да чекаат со вклучена клима.

Од 117 „електрични“ возила, само триесетина возат на батерија, останатитѕе се плагин-хибриди; двајца секретари веќе реагираа до производителите поради нереално високата потрошувачка на гориво

Двајца државни секретари беа толку револтирани со крајно ограничениот електричен досег на возилата со плагин-хибриден погон, што се пожалија директно до производителите. Потрошувачката на гориво била многу повисока од декларираните два-три литри гориво.

Покрај забраната за сообраќај, постои уште една опција. Станува збор за вградување комплетно нов систем за пречистување на издувните гасови, со когошто ќе се постигне постоечките возила да се „надградат“ на Еуро 6. Тоа подразбира голем обем на работа и ангажирање на индустријата, но во секој случај е решение коешто би било поиздржливо и поправедно за сопствениците на стари возила со дизел мотор.

Нечистите возила за Германците се чисти за нас?

Македонската „автомобилска“ политика исто така би требало да биде засегната од одвивањето на ситуацијата со старите возила со дизел мотор во Германија, од кадешто пристига најголем дел од користените автомобили во државата и регионот. Загаденоста на воздухот во повеќето македонски градови неколкупати ги надминува вредностите коишто предизвикуваат паника кај политичарите и граѓаните во земјите во ЕУ. Во меѓувреме имаме услови на загаден воздух и надвор од грејната сезона, што јавноста го регистрира, но за политиката уште не е за на „дневен ред“.

Неизвесната иднина на старите дизели во Германија доведе до тоа нивната цена на пазарот на користени возила да бележи драстичен пад во последнава годинаРазбирливо е што овие дизели се атрактивни за нашите возачи, но прашање е дали во Македонија треба да се воведат построги норми за издувни гасови за старите возила од увоз. Да нема заблуда дека станува збор за мотори со норма Еуро 1 или 2, Германија ги смета за нечисти и дизелите со норма Еуро 5, којашто е дури и над постоечкото ограничување за увоз кај нас. Според анализите што ги објавувавме неколкупати досега, увозот на користени автомобили веќе е зголемен за една третина.

Секако дека генерална забрана за увоз не доаѓа предвид, но прашање е дали актуелното „Еуро“ ограничување, без земање во предвид на емисијата на СО2, како и на сите останати релевантни вредности, треба да остане на важност.

Увозот на користени автомобили пораснал за 36 проценти

Дизелите чмајат на германските плацеви, ни претстои ли нова инвазија загадувачи?

Германските таксисти бараат субвенции за електрични автомобили

Без врева, а ги има 15 на број: Овие Мерцедеси возат со две срца

BMW продаде 30.000 електрични автомобили до март

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

181
27 shares, 181 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743