за ,

Штутгарт забранува сообраќај за дизели послаби од Еуро 4

Штутгарт забранува дизели

Од почетокот на следната година во германскиот град Штутгарт не смеат да сообраќаат автомобили со дизел мотор чијшто квалитет на издувни гасови не ја задоволува најмалку нормата Еуро 4

Владата на германската покраина Баден-Виртемберг изгласа забрана за сообраќај за стари автомобили со дизел мотор во градот Штутгарт од 1-ви јануари 2019 година. Од првиот ден во следната година, во сообраќај не смеат да се вклучуваат автомобили со дизел мотор чијшто квалитет на издувни гасови е послаб од Еуро 4.

Не мина предлогот да се воведе уште построго ограничуање, односно забраната за сообраќај да важи за автомобили со емисија на штетни материи според норма Еуро 5. Но, не се исклучува дека и овие автомобили би можеле да бидат вклучени во забраната, доколку стапи на сила пакетот за зачувување на квалитетот на воздухот во Штутгарт, како главен град на сојузната покраина Баден-Виртемберг. Деталите околу овој пакет закони уште не се објавени.

Сојузниот управен суд во Лајпцих во февруари дозволи германските градови да донесуваат забрана за сообраќај, со цел да се зачува квалитетот на воздухот во градовите. Покраинската влада на премиерот Винфрид Кречман оттогаш е под постојан притисок да ја намали концентрацијата на штетни азотни оксиди во Штутгарт. Во Хамбург веќе постои забрана за сообраќај за стари возила со дизел мотор на две мошне оптоварени делници.

Азотните оксиди ги иритираат дишните патишта и очите. Овие гасови кои важат како отрови во животната средина се создаваат при процесите на согорување.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

rolls-royce-fudbal

Rolls-Royce денес затвора порано – се гледа фудбал

fiat роналдо јувентус

Fiat два дена во штајк поради трансферот на Роналдо