за

Берлин од април забранува сообраќај за стари дизели на 11 улици

забрана дизел берлин

Берлин е четвртиот германски град што воведува забрана за сообраќај за стари возила со дизел мотор. Сопствениците на овие возила можат да бараат отштета од производителот, којашто потоа би се користела за финансирање на ново возило што нема да биде погодено од ограничувањата во сообраќајот

Административниот суд во Берлин реши во германската престолнина да се воведе масовно ограничување на сообраќајот. Според судијата Улрих Мартике, не постои сомнеж дека забраната за сообраќај е единствената делотворна мерка против загадувањето со азотни оксиди. На одредени делови по должината на единаесет улици ќе се забрани сообраќајот за стари дизели коишто ги задоволуваат нормите од Еуро 0 до Еуро 5. Забраната ќе почне да важи веќе во април 2019 година.

Се дискутирало дури и за забрана за сообраќај за дизели според Еуро 6. Околу 200.000 возачи на автомобили со дизел мотор ќе се соочат со сериозни ограничувања во сообраќајот низ градот. Можни се и натамошни забрани за старите дизели.

Моментно четири градови практикуваат забрана за сообраќај или го најавуваат тоа во најскоро време: Прв беше пристанишниот град Хамбург, потоа следеа Франкфурт и Штутгарт, а сега им се придружува и Берлин. Според правните експерти, овие забрани испраќаат силен сигнал и за останатите германски градови, во коишто има пречекорување на дозволените емисии на штетни материи, за и тие да воведат забрана за старите возила со недоволно чист издув.

Најлошото можно сценарио по сите тужби што ги има поднесено Здружението за заштита на животната средина е забрана за сообраќај во 426 германски градови

Тужби за забрана за сообраќај се поднесени од страна на Здружението за заштита на животната средина за уште 24 германски градови. Воздухот е загаден прекумерно и во Ахен, Бон, Дортмунд, Бохум, Есен, Гелзенкирхен, Келн, Мајнц, Минхен, Визбаден, Хановер, Хале и Кил. Долг е списокот на градовите во коишто треба да започне примена на ограничувањето на сообраќајот. Здружението за заштита на животната средина во сопствените мерења утврди 1.111 „жешки точки“ за азотни оксиди низ земјата. Најлошото можно сценарио се забрани за сообраќај во 426 германски градови.

Хамбург забрана за дизел
Хамбург го означи стартот на одредувањето забрани за стари дизели во германските градови
Забраната ги погодува потрошувачите, односно сопствениците на автомобили со дизел мотор, коишто ќе бидат спречени да ги користат своите возила во градот. Во некои возила може да се вчита нов софтвер, којшто ќе ја коригира емисијата на азотни оксиди, но тоа ќе предизвика зголемена потрошувачка и други опасности, што повторно е на товар на возачите. Сопствениците на стари возила коишто ќе одбијат вчитување нов софтвер нема да можат да ги регистрираат своите автомобили.

Едно од решенијата за возачите на стари дизели е да побараат отштета, како последица од дизел-скандалот. Тие од една страна можат да го откажат тековното кредитирање на возилото или можат да побараат отштета од производителот на автомобилот, поради тоа што возилото не ги исполнува важечките прописи. Исплатата на отштетата може да се користи за финансирање на ново возило, коешто нема да биде погодено од ограничувањето на сообраќајот.

Хамбург прв германски град со забрана за дизел

Франкфурт е трет германски град со забрана за дизели

Штутгарт забранува сообраќај за дизели послаби од Еуро 4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat dizel_poevtin_benzin

Fiat со дизел мотор во Италија поевтин од бензинец

opel adam rocks

Opel укинува три модели, воведува струја