за

Производителот на телефони Xiaomi вложува во електрични автомобили

xpeng p7
xpeng p7

Кинескиот гигант на пазарот на мобилни телефони Xiaomi инвестира во производителот на електрични автомобили Xpeng. Нивниот нов модел P7 може да биде сериозен конкурент за Tesla Model 3.

Кинескиот производител на автомобили ќе стартува со испорака на електричниот Xpeng P7 во средината на следната година. Со футуристичкиот изглед, забрзувањето до темпо сто за 4,3 секунди и со цена од околу 35.000 евра за основниот модел, Xpeng P7 ќе претставува сериозна конкуренција на пазарот на електрични автомобили.

Како модел од средна класа, рамо до рамо со Tesla Model 3, кинеската електрична лимузина настапува со цена што е за десетина проценти повисока од новата генерација градски автомобили на батерија, односно близнаците Peugeot e-208 и Opel Corsa-e.

Xpeng ќе биде присутен и во сегментот на СУВ-модели со погон на струја, со моделот G3. Неговата погонска спрега и батерискиот пакет се послаби во споредба со P7, но затоа и цената ќе биде уште пониска.

Во поскапата изведба со два електромотори, Xpeng P7 располага со моќност од 430 КС и вртежен момент од 655 њутнметри. Основната изведба има само еден електромотор назад, но моќноста се’ уште е повеќе од задоволителна, со 196 киловати, односно 266 КС. Според фабричките податоци, досегот на оваа изведба изнесува најмногу 650 километри.

Сопирачките ги испорачува специјалистот Brembo, но и останатата техника и технологија се убедливи. Xpeng P7 е предвиден да се испорачува и во изведба со автопилот. За таа цел ќе служат 12 ултразвучни сензори, 7 радари и 13 камери, кои ќе се вградуваат како посебен пакет. Сопствениот оперативен систем Xmart ќе управува со сите електронски функции, вклучувајќи и отклучување на возилото и стартување преку мобилен телефон. Секако дека за сопствените мобилни телефони и паметни часовници на Xiaomi ќе можат да се користат како дигитален клуч.

Производителот во исто време вложува во изградба на мрежа од станици за полнење во Кина. Во следните три години, во земјата ќе бидат поставени 1.000 станици со полначи и ќе се организира сервисна мрежа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla е најголем производител на електрични автомобили

Никој не се сомневаше: Tesla е најголем производител на електрични автомобили

Jaguar Land Rover стравува од последиците од Брегзит

Jaguar Land Rover стравува од последиците од Брегзит